Летните ритуали за убавина секогаш носат посебно задоволство, особено кога се поврзани со нашите одмори покрај вода, кога сè е дозволено. Токму тогаш посакуваме да пробаме некој нов парфем што досега не сме го користеле, а козметичкиот несесер го надополнуваме со луксузно масло со златен сјај со кое го нагласуваме тенот или посакуваме да испробаме некој тотално кул маникир со кој инаку не би можеле да се замислиме кога сме на работното место во текот на годината.
Совршено негувани нокти со префинет маникир во знакот на најубавите бои!
Затоа летото нуди голем број на нови, неоткриени и забавни можности, а ведрината и шарениот оптимизам на летото најдобро се доловува со трендовските маникири што ќе ги носиме до крајот на летната сезона. Најубавите летни маникири ги пронајдов за вас, за да добиете совршено негувани нокти со префинет маникир во знакот на најубавите бои.
Маникири во боите на сладоледот!
Во летната сезона вашите нокти стануваат како вистинско сликарско платно и подлога за најубавите летни бои од кои оваа сезона особено доминираат боите на сладоледот. Пастелно розова, пастелно сина и пастелно зелена се три шарматни и нежни летни бои кои би можеле да ги испробате, но ако сте во потрага за нешто повеќе експресивно, коралната боја со силна примеса на портокалова ќе биде голем хит.
На крајот на краиштата, не мора да се потпрете исклучиво на еднобојни нокти. Поиграјте со деталите и вашите нокти, декорирајте ги со точки или со некој интересен геометриски облик со комплементарни нијанси. Летната сезона станува уште позабавна ако целосно ги напуштите правилата и ноктите на вашите раце ги обоите во неколку различни бои. Можностите се бескрајни, а на вас останува само да ја вклучите вашата имагинација!