Сите ги сакаат мултинаменските производи и затоа пудри со заштитен фактор секогаш се добредојдени во мејкап рутината, особено ако ни овозможуваат убаво покривање и мазен финиш. Сите знаеме дека заштитата од сонце е важна во текот на целата година, затоа што УВ зраците секогаш се присутни и предизвикуваат изгореници и други оштетувања на кожата. Постојат основни разлики во формулите на пудрите и различно ниво на покривност, во зависност од тоа дали сакате суптилно да го подобрите вашиот природен тон на кожата или сакате целосно покривање. Пудрите се разликуваат и по тоа каков финиш оставаат на вашата кожа, почнувајќи од сјаен до мат изглед и сè што е помеѓу. Затоа, кога ќе дојде време за купување на пудра, не заборавајте на дополнителната заштита од сонце.
Пудри кои имаат по нешто за секого!
Многу е важно да ја заштитите кожата од сонце, а наоѓањето на пудра што има заштитен фактор ви го олеснува тоа. Повеќето пудри со заштитен фактор немаат поголем фактор од SPF 25, што е помалку од препорачаниот 30 за секојдневна употреба. Затоа, за најдобра заштита, пред да нанесете пудра треба да нанесете крем со повисок фактор на заштита на лицето, но за оние денови кога едноставно немате време за сите овие чекори, може да ви помогне една од пудрите со SPF. Ви издвоив кои се најдобрите пудри со заштитен фактор кои нудат по нешто за секого.