Лакирањето на ноктите може да биде многу здодевно! Лакот сте го размачкале на прстите, ги допирате предметите околу вас додека бојата не е целосно исушена или бојата сте ја нанеле нерамномерно. Секогаш ви се случува по нешто… За да може конечно да ги надминете овие проблеми, измислен е нов начин на лакирање на ноктите, односно: збогум на лакот, здраво на Dip Powder Nails!
Што е Dip Powder Nails?
Како што кажува самото име се работи за пудра што ги обојува ноктите. Исто како класичниот лак, пудрата се нуди во сите можни бои. Dip Powder Nails создаден е во САД и таму веќе подолг период е во тренд. Во меѓувреме, пудрата се појави и во Европа, воодушевувајќи ги сите жена што ја испробаа.
Dip Powder Nails супер лесно и супер брзо се нанесува и сами можете да го одредите интензитетот на бојата на вашите нокти. Функционира така што ги држите ноктите во пудрата онолку често колку што сакате да го зголемите интензитетот на бојата. Ако тоа го правите повеќе од еднаш, двапати или трипати, бојата секој пат ќе го засилува својот интензитет.
Погледнете како тоа се прави во видеото:
Dip Powder Nails: Чекор по чекор!
1# Исчистете ги ноктите,
2# Истурпијајте ги ноктите,
3# Важно: Нанесете подлак,
4# Веднаш ставете го прстот во пудрата,
5# Отстранете го вишокот на пудра со четка,
6# Нанесете надлак и повторно држете ги ноктите во пудрата,
7# Повторете го процесот онолку пати колку што сакате интензитетот на бојата да биде поголем.
Како се отстранува Dip Powder Nails?
Ноктите премачкани со пудра траат најмногу до пет недели! За да започнете со нанесување на нов Dip Powder Nails, прво треба да го омекнете претходниот слој со ацетон, а остатоците од боја може лесно да ги отстраните со помош на турпија.