- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Dior го лансира Sauvage Elixir како нова верзија на оригиналниот Dior Sauvage од 2015 година. Новото издание ветува „екстремна концентрација“ на модерна ароматична мирисна композиција, отелотворена преку кампањата со американскиот актер Johnny Depp.

Johnny Depp banner

Откријте го новиот свет на Sauvage Elixir: ноќен и мистериозен!

Храбриот и моќен Johnny Depp ја отелотворува новата кампања за Sauvage, во кој се прикажани рокенрол и ноќта, волци и месечина. Волците се собираат на повик на гитара на Johnny Depp како величествен лидер на глутницата. Исто како и моќната гитара, новиот Sauvage Elixir удира неколку акорди како совршен гитарски риф, каде секоја нота е прецизно отсвирена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dior Beauty (@diorbeauty)

Мешавина од бесконечна сила и префинетост!

Sauvage Elixir ја преработува свежината на Sauvage и му дава ново лице со дрвенест, зачински карактер. Мирисната креацијата е потпишана од парфимерот на Dior, Francois Demachy.

- Реклама -

Dior Sauvage Elixir

Горните ноти се отвораат со грејпфрут и зачини. Некои, како есенциите од цимет и морско оревче, играат со топлина и сензуалност, додека други се освежувачки, како лутиот и ароматичен кардамон. Во срцето на мирисот е есенцијата на лаванда од Франција. Благородната лаванда сјае во срцето на Sauvage Elixir со бленд од бесконечна сила и префинетост. Килибарниот акорд, најсилниот потпис на Sauvage, открива низа од неговите кадифени и сензуални нијанси. Ја обвива основата на мирисната композиција и ја нагласува со слатка нота на сладунец. Ветиверот од Хаити и срцето на пачули ја формираат врската помеѓу овие богати дрвенести акорди.

Dior Sauvage Elixir е достапен во шишенце од 60 мл, како Eau de Parfum.

Sauvage Elixir look

bottle

Sauvage Elixir package