- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Новото поглавје на Gucci Guilty мирисите започна од почетокот на 2019-та година со Gucci Guilty Pour Femme парфемската едиција, како и со новата кампања во која можевме да ги видиме пејачката Lana Del Rey и актерот Jared Leto.

Флоралните ноти процветуваат во еден моќен и рафиниран парфем!

За новата револуција, Gucci Guilty Pour Femme е повторно роден како ориентално-флорална композиција која носи раскош и благородност на оригиналната тоалетна вода. Супериорните флорални ноти и збогатените природни мириси, процветуваат во еден моќен и рафиниран парфем. Парфемот е интензивиран и со поголема доза концентрираност отколку класичната тоалетна вода, блескајќи со нотите кои доминираат: mandora овошје, розов бибер, јоргован и пачули.

Шишенцето на Gucci Guilty Pour Femme EDP претставува нов код на сензуалност!

Нов код на сензуалност е формиран во високото тенко шишенце. Редизајнирано, со цел да ја има истата силуета како и неговиот машки партнер, шишенцето на Gucci Guilty Pour Femme ја рефлектира рамноправноста на мажите и жените, претставувани од двата мириси. Дел од шишето е обоено во златна боја, додека другиот дел го прикажува бледо розовиот џус кој се наоѓа внатре. Пакувањето е матирано, во боја на слонова коска, украсено со препознатливото лого на модната куќа во златна боја, составено од две испреплетени G букви.

- Реклама -

#ForeverGuilty