После минатогодишниот K Dolce&Gabbana машки мирис претставен во концентрација на тоалета вода што ја славеше новата ера на машкост, вистина, лојалност и љубов, брендот Dolce&Gabbana презентира нова верзија во концентрација на парфемска вода која е со подеднакво сензуална и интензивна композиција и зборува за современиот и автентичен маж на денешницата.
Потопол, зачинет и заводлив!
Од самото отворање, новата верзија на K Dolce&Gabbana Eau de Parfum создава заслепувачки почеток разигран со агруми. Свежите лимони од Сицилија во фузија со црвен портокал и есенција на Torchio лимон создаваат жив почеток засилен со пикантен бленд од кардамон, бобинки од смрека и навестување на есенција на pimenta. Во срцето доминира смирувачка комбинација на лаванда, морско оревче и здравец, збогатени со додавање на млеко од смоквa, што го прави срцето повеќе ароматично и кремасто. Сензуалноста на мирисот е засилена со комбинација на дрвенести ноти и топла nagarmotha, а новиот модерен „крал“ станува потопол, зачинет и заводлив.
Mariano Di Vaio рекламно лице на капањата!
Рекламното лице на кампањата како и во првото издание е Mariano Di Vaio. Шишињата од новата верзија имаат иста форма и дизајн како тоалетната вода, но сега со темно сина боја на шишето и надворешното пакување.
Dolce&Gabbana K Eau de Parfum е достапен во шишиња од 50, 90 и 150 мл, како Eau de Parfum.