Пред неколку години Rihanna го освои светот на убавината со Fenty Beauty, затоа што нејзините производи се наменети за жени од сите раси и сите типови на кожа. Нема дискриминација кај Rihanna! За добра шминка е потребна добра и негувана кожа, затоа Rihanna одлучи да лансира линија за нега на кожата – Fenty Skin.

Fenty Skin – поедноставна рутината за нега на кожата!

Сакам Fenty Skin линијата да биде ценовно прифатлива, едноставна и да ја поедноставам рутината за нега на кожата од комплицираното комбинирање на повеќе производи. Затоа оваа линија е наменета за сите. Fenty Skin содржи сè што некогаш сакав да го имам во мојата рутина за нега на кожа“, вели Rihanna.

Три производи наместо да користите десет производи!

За почеток Rihanna претстави три производи за да докаже дека во рутината за нега на кожа не мора да се користат десет производи. Со помалку производи може да направите вашата кожа да блеска и да биде здрава.

- Реклама -

„Живеев и патував низ целиот свет и затоа сакав да се осигурам дека Fenty Skin линијата ќе ги содржи најдобрите состојки од целиот свет. Сакав безбедни, чисти и ефикасни формули од она што нашата планета го нуди“, вели Rihanna.

Брендот Fenty Skin презема активности така што нивните производи ќе имаат помалку влијание врз животната средина. За почеток секаде каде што можеа ги елиминираа сите вишок пакувања и обезбедија амбалажи кои можат да се рециклираат. Системите за надополнување се новата иднина на брендот. Купувате еднаш, а потоа сè што треба е да го купете рефил производот.

Друг плус е тоа што пакувањето е целосно биоразградливо. Fenty Skin не содржи состојки како парабени, формалдехиди, СЛС и други. Производите се вегански и без глутен.

Total Cleans’r Remove-It-All Cleanser

Овој производ е првиот чекор во новата рутина за нега на кожата! Кремаста структура која ја отстранува нечистотијата, себумот, ги чисти порите и помага во борбата против прекумерното сјаење, а исто така  претставува 2-во-1 средство за отстранување на шминка кое дава длабинско чистење на кожата. Формула создадена со цреши од Барбадос односно ацерола која е голем извор на витамин Ц, екстракт од гинко билоба кој помага во намалување на себумот и зелениот чај и екстрактите од смоква кои се природни антиоксиданси. Мириса на цреши и кокос и се употребува наутро и навечер.

Fat Water Pore-Refining Toner Serum

Втор чекор во новата рутина за нега на кожата! Револуционерната комбинација на тонер и серум го подобрува изгледот на темните кругови, ја осветлува кожата, ги измазнува брчките и ги стеснува порите. Богат е со антиоксиданси, ацерола која е богата со витамин Ц и ниацинамид кој делува на темните кругови, изедначувајќи го тенот и ја враќа свежината на кожата. Мириса на слатка мешавина од цреша и смоква. Неговата уникатна густа текстура се апсорбира веднаш во кожата. Само ставете на раката за да нанесете, не се потребни памучни туфери. Се употребува наутро и навечер на чиста и сува кожа.

Hydra Vizor Invisible Moisturizer Broad Spectrum SPF 30 Sunscreen

Трет чекор во новата рутина за нега на кожата! Овој 2-во-1 крем со заштитен фактор 30 е лесен, без масло и е навистина невидлив за сите тонови на кожа. Ја хидрира кожата, се апсорбира веднаш и ја омекнува кожата без да изгледа мрсна. Ја осветлува кожата и ги прави порите и брчките помалку видливи. Содржи диња, хијалуронска киселина, алое вера, африканско дрво баобаб и ниацинамид. Се употребува на чиста и сува кожа секое утро после Fat Water Pore-Refining Toner Serum. Ако поминувате повеќе време надвор, нанесувајте од кремот на секои два часа за заштита од сонце.

Каде може да ги набавите Fenty Skin производите?

Производите од брендот Fenty Skin можете да ги набавите на официјалната страна на Fenty Beauty.