Orto Parisi е проект кој е основан од Alessandro Gualtieri – креатор познат по својот бренд Nasomatto. Колекцијата на парфеми Orto Parisi е инспирирана од мирисите на животот – телото и земјата, градината во Apulia во која креаторот ги поминувал летата со својот дедо, чие име е Vincenzo Parisi.
Телото како градина, а мирисот огледало на душата!
Orto Parisi го доживува нашето тело како градина, а неговите мириси како огледало на душата. Префинети и софистицирани, овие парфемски екстракти ги репродуцираат природните мириси на телото од кои сме се одвикнале, затоа што вишокот душа стана неподнослив до таа мера што нашиот природен анимализам стана потиснат од цивилизацијата.
Секое капаче ја отсликува темата на мирисот!
Брендот Orto Parisi посебно фасцинира со заложбата секое шишенце на парфем да биде украсено со единствено капаче, направено од материјал кој е поврзан со темата на мирисот.
Кожна приказна на моќен мирис! Cuoium
Orto Parisi Cuoium е мирис кој покажува љубов и почит кон наследството и кожата. Тоа е мирисна креација во чест на знаењето на предците поврзано со кожните занаети.
View this post on Instagram
Претставува визија за модерен свет кој останува во контакт со неговите пагански традиции, зачувувајќи го своето потекло со фасцинантна аура на мистерија. Cuoium е моќен мирис кој го комбинира карактерот на кожата со топлината на темјанот и сладоста на темјанушката, оживеана од цитрусната свежина на мандарината.
Мирисот е нагласен со рѓосано метално капаче, кое на врвот е обложено со кожно лого на брендот. Меѓу парфемите на Orto Parisi, Cuoium е единствениот мирис што се продава со отстранлива кожна обвивка.
Каде може да го истражам моќниот кожен карактер на Cuoium!
Срцето од кожа на Orto Parisi Cuoium можете да го истражите во Belodore парфимеријата во склоп на FABUspot Мериот.
View this post on Instagram