- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Новата ера на туторијали за убавина официјално започна на новата социјална мрежа – Tik Tok! Ова место на собирање за претежно помлада популација носи интересни видео упатства и ново ниво на експериментална содржина, наменета за ентузијасти за убавина. Еден трик за шминкање од оваа социјална мрежа ги натера жените да ги нанесуваат своите производи за шминкање на лицето со целосно „погрешен“ редослед кој дава ефект на беспрекорен тен како филтрите од Инстаграм. Порите се незабележливи, тенот е мазен како порцелан! Во продолжение ви откривам сè за овој вирален трик за шминкање, што исто така ме воодушеви!

Tik Tok тренд – „обратна“ шминка!

Во социјалните мрежи лесно може да се изгубите во бројните трикови и совети за подобра шминка. Ако сте љубител на совршено нашминкан тен како основа на целокупниот мејкап изглед и ако редовно користете прајмер, спреј за фиксирање, течна пудра, пудра за фиксирање – овој трик целосно ќе ве воодушеви исто како што ги воодушеви жените преку Интернет.

Една корисничка на Tik Tok во своето вирално видео изјави дека оваа техника на шминкање не ја измислила, ја слушнала од некого и веќе подолго време се користи во мејкап круговите. Овој трик функционира само ако барате одреден мејкап финиш – кадифен, матирачки, совршен и ако имате мрсна кожа.

@jaridamatI SWEAR BY THIS ##xyzcba ##xyzbca ##fypchallenge ##makeuptutorial ##makeup ##nyc ##fup ##fy ##smirk ##makeuphacks ##lifehack♬ original sound – ridaaaamat

- Реклама -

Како да ја испробате оваа „обратна“ техника за шминкање!

#1 Прво направете нега на кожата – тоник, серум и дневен крем,

#2 Кога сето тоа ќе се апсорбира нанесете прајмер на лицето,

#3 Потоа нанесете транспарентна пудра во прав со голема четка,

#4 Следниот чекор е да нанесете спреј за фиксирање на шминката,

#5 Почекајте неколку минути за пудрата во прав заедно со фиксаторот да се соединат,

#6 Како последен чекор нанесете течна пудра.

Што се постигнува со овој редослед на шминкање?

Шминката дефинитивно ќе ви трае цел ден без оглед на мрсењето на вашата кожа. Се препорачува во текот на денот кожата да ја освежите со мист за лице, односно со спреј за хидрирање на кожата. Вашиот тен ќе биде беспрекорно кадифен, мазен, порите и брчките ќе бидат невидливи, така што ова е идеален трик за посебни прилики или вечерно излегување кога е неопходно да имате перфектен изглед!

Дали ќе го пробате овој трик за шминкање од Интернет?