Ова лето Dolce&Gabbana ги освежува своите два иконски мириси Light Blue и Light Blue Pour Homme со нови мириси во ограничени изданија, насловени како Light Blue Italian Zest. Инспирирани од италијанската scorza di limone – кора од лимон, новите мириси ја слават радоста со која е исполнет секој сончев летен ден на островот Капри.
Исполнети со дарежливи цитрусни екстракти со највисок квалитет од плодната италијанска почва, новите Light Blue мириси нудат лимон за неа, бергамот за него. Italian Zest Limited Edition нуди раскошно мирисно искуство што го евоцира нивниот уникатен пенливи мирис. И додека летото го преплавува Капри со живописни бои, островот ужива во атмосфера на радост, љубов и сензуалност. Light Blue Italian Zest е покана да се претвори летото во блескаво и пенливо искуство. Жолтата боја на лимон ја позајмува својата сончева нијанса и арома. Кутиите во небесно сина боја имаат ретро дизајн со илустрација на Faraglioni туристичката атракција во позадина.
Light Blue Italian Zest Pour Femme
Во оваа летна едиција, парфумерот Olivier Cresp нуди дарежлива доза на калабриски лимон со овошно цветен потпис на Light Blue. Добиени од рачно набрани лимони primofiore – лимони кои се раѓаат по првото цветање на дрвото и се сметаат за плодови со највисок квалитет, поради својата интензивна арома, кората и пулпата се чувствителни на топлина и треба да се исцедат со древната техника на пресување наречена sfumatrice за производство на најприродна есенција со гурмански ноти. Со интензивирање на остри цитрусни ноти, карактеристични за горните ноти на Light Blue, сицилијанскиот кедар и greni smit јаболкото, стануваат посочни од било кога. Нотите на бели рози и јасмин ливчињата во срцето на мирисот се поблескави од било кога, додека топлиот мошус и килибар се здобиваат со прекрасен блескав сјај. Благодарение на Italian Zest, пред нас е сосема ново лице на медитеранска женственост.
Light Blue Italian Zest Pour Homme
Парфумерот Alberto Morillas го преправа оригиналниот Light Blue Pour Homme со поголема доза на свеж бергамот, луксузни цитрусни есенции проткаени со арома на бибер, мошус и мов. Обликуван како мал жолт портокал, Citrus bergamia исклучиво се одгледува во областа Калабрија. Мирисната есенција се добива со лупење на овошјето, а потоа со ладно цедење на кората, со цел да го зачува својот сложен и софистициран вкус. Кај мирисот Italian Zest, чистата експлозија на свежи ноти на бергамот го подобрува контрастот на свежина и сензуалност по што е познат Light Blue Pour Homme. Со интензивирање на горните ноти со ладен коктел од грејпфрут и мандарина, аромата на бибер и смрека дополнително го зачинуваат рузмаринот и дрвото од роза во срцето на мирисот. Како контраст на темјанот и мошусот во суштина оставаат уште покај впечаток.