Искусете ја убавината на Bourjois руменилото, бидејќи жените се заљубени во Little Round Pot руменилото уште од 1863 година! Ова незаменливо руменилото ја одржува убавината на жената со генерации. Познато речиси 150 години, симпатичното Little Round Pot руменило со генерации наназад е дел од козметичките несесери на жените со стил.
Камено руменило со ултра фина текстура!
Сега Bourjois ја рафинира формулата и ја доведе до совршенство со цел да се осигура дека руменилото ќе и даде нежна боја на кожата и одлично ќе се соедини со неа. Создадено со ексклузивна технологија на печење, неговата неверојатно транспарентна и ултра лесна текстура е лесна за нанесување, како и за совршено соединување со кожата.
Little Round Pot е со формула која содржи прав, вода и светкави нијанси на бисер. Формулата заедно со технологијата на печење овозможува беспрекорно соединување со кожата. Руменилото е отпорно на кршење благодарение на процесот на производство.
Пакувањето содржи вградено огледалце и четка!
Само со еден потег со четката ќе ја откриете неодоливата, сензуална арома на роза. Вграденото огледалце и четката се одлични за корекција секаде и во секое време!
Бидете блескава убавица, секој ден!
Доколку посакувате гламурозна боја, тогаш ова ултра фино камено руменило е неопходно во вашиот несесер со трикови за убавина.
Заблескајте со ултра нежното руменило!
Нанесувањето е толку едноставно што потребно е само да се насмевнете и да го нанесете руменилото на јаболчниците со кружни движења, а потоа да продолжете до слепоочниците. Ова руменило е достапно во голем број нијанси од најтранспарентни со бисерен ефект, се до нијанси со суптилен мат финиш.
Едно руменило – 1500 нанесувања!
Little Round Pot е една од тајните на Bourjois за привлечно нагласени јаболчници! Она што го прави посебно е двојно печената формула за неверојатна трајност. Едно пакување е доволно за до неверојатни 1500 апликации.
Дали знаевте дека Little Round Pot руменилото е најпознатиот и најпродаваниот производ на Bourjois? Можете да го набавите ОВДЕ!
View this post on Instagram