Roberto Cavalli го претстави новиот миризлив пар Paradise Found, направен да наслика егзотични мириси на тропски цвеќиња и растенија и да создаде илузија на бегство во „прекрасните, натприродни“ градини.
Шишиња инспирирани од неверојатната архитектура на Las Pozasa!
Новите мириси доаѓаат во целосно лакирани шишиња со магента и длабоко зелена боја и капаче во форма на столб што ја претставува неверојатната архитектура на Las Pozasa – мексиканските градини од дождовните шуми во кои е снимено видеото за рекламната кампања.
Заштитните лица на кампањата се италијанскиот модел Maria Carla Boscono и бразилскиот модел и инфлуенсер Marlon Teixeira.
Мириси кои го интензивираат секое чувство во телото!
Затворете ги очите. Ве чека егзотичен, волшебен и бајковит свет – зелена пустина каде што природата ги надвладува сетилата. Мирисот на цветни ливчиња предизвикува патување во непознат свет, каде што глетката на интензивни бои и дивиот, нескротлив пејзаж го интензивира секое чувство во телото.
Roberto Cavalli Paradise Found For Women
Paradise Found For Women е создаден од парфимерката Emilie Coppermann како ориентално-цветен мирис. Горните ноти од розов бибер, нероли и „неочекуваниот“ акорд на палмов лист доведуваат до парфемското срце со бели цвеќиња и сандалово дрво.
Женскиот парфем Paradise Found достапен е во 30, 50 и 75 мл, како Eau de Parfum.
Roberto Cavalli Paradise Found For Men
Paradise Found For Men е создаден од парфимерот Jean-Christophe Hérault. Композицијата го комбинира пименто зачинот со зелени ноти, морско оревче, жалфија, пачули и кашмир.
Машкиот мирис Paradise Found достапен е во 30, 50 и 75 мл, како Eau de Toilette.