Добро е познато и општо прифатено дека повеќето девојки уживаат во внимание, подароци и други знаци на искажување на љубов, но помалку е познато дека мажите честопати сакаат да бидат оние на кои им се приредува изненадување и им се посветува знак на внимание. Зошто да не направите нешто неконвенционално за овој Ден на вљубените и да го развеселите вашиот најмил со подарок со кој ќе му покажете колку се грижите за него?
Ви ги претставувам моите предлози за подароци, за кои сметам дека ќе бидат прекрасни симболи за обележување на вашата љубовна приказна.
YSL Y Pour Homme – мирис за мажи кои сакаат предизвици!
Овој парфем е создаден за смели, енергични, упорни, остварени и самоуверени мажи. Ако го подарете овој парфем, симболично му порачувате дека верувате во неговите соништа и го охрабрувате да премине кон следните предизвици, сето тоа со помош на вашата поддршка и неизмерна љубов.
Основните ноти на парфемот му даваат моќна, мажествена нота со снажен интензитет, а додатокот на дрвенести ноти е причината што отсликува мистерија и длабочина во едно шишенце. Цитрусните и ароматични ноти на овој Y парфем претставени се со помош на бергамот и ѓумбир, а нагласени се со слатка овошна нота од зелено јаболко.
Giorgio Armani Code парфеми – мириси за софистицирани мажи!
Мирисот Armani Code Profumo е дел од семејството Armani Code. Овој парфем е инспириран од совршената елеганција на костумите на Armani и неопходен избор за вечерно излегување. Ако вашиот најмил го израдувате со овој парфем, ќе му кажете колку го почитувате и цените неговиот софистициран вкус и дека тоа е она што ве привлече кај него.
Есенцијата на парфемот е преставена преку мирисните ноти на зелена мандарина, свежи зелени јаболки и кардамом, кои се преплетуваат со изобилство на заносни ноти на лаванда, морско оревче и цвет од портокал, како и ноти од тонка, тутун и дрвенесто-килибарни акорди. Фузијата со кожата на овој парфем е исклучително видлива!
Дајте си знак на внимание – затоа што кој не се сака себеси, не ги сака другите 🙂
На денот на вљубените препуштете се кон малку луксуз во форма на YSl Black Opium, кој симболизира слободен дух и голема количина на позитивна животна енергија. Покрај тоа што ќе те воодушеви со богатите ноти на црно кафе, бели цвеќиња и ванила, сигурно и вашиот најмил нема да остане рамнодушен кога ќе му се доближите и оставите забележлив траг, за кој уште долго ќе размислува, после вашата средба.