- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Конечно пристигна новите MAC кармини кои дефинитивно ги побиваат сите предрасуди дека богатата и целосна покривност значи лепливо чувство, тешко отстранување на производот и екстремна сувост на усните. MAC Cosmetics го лансира својот најнов производ за усни – течниот кармин Love Me Liquid Lipcolor. Станува збор за кармини кои се богати со хранливи масла, како и интензивни пигменти кои обезбедуваат боја без да ви се исушат усните. Апликаторот во форма на стрела овозможува прецизно нанесување по рабовите на усните. Сепак, можете да го нанесете и во помали количини за трендовски „stained lip“ изглед.

Love Me Liquid Lipcolor lisa visual

Love Me Liquid Lipcolour кармините доаѓаат во 20 прекрасни нијанси!

Овие течни кармини имаат кремаста формула и сатенски финиш, а се формулирани со shea путер и арганово масло. Ѕвездата на колекцијата е Lisa, глобалната амбасадорка на MAC Cosmetics, која веднаш се заљуби во формулата на новиот течен кармин. „Совршена комбинација на високо пигментирана боја, пријатна за носење, која многу ми олеснува целосно да се изразам, без компромиси“ – вели Lisa. Love Me Liquid кармините траат до 12 часа, а MAC лансира 20 супер нијанси – богати црвени, портокалови, виолетови, розови и нуд нијанси.

mac karmini crveni nijansi

- Реклама -

mac karmini rozovi nijansi

mac karmini violetovi nijansi

mac karmini portokalovi nijansi

Сигурно ќе се заљубите во новите кармини Love Me Liquid Lipcolor!

Новите MAC кармини содржат комплекс кој ги негува и помага при навлажнувањето на усните со моќна мешавина од арганово масло, кокосово масло, shea путер, karnauba восок, екстракт од јачмен и екстракт од краставица. Уште повеќе, ексклузивната MAC технологија „ColourCling“ ја користи моќта на напреден полимер за 12 часовно траење без размачкување. Тоа им помага на усните да се чувствуваат помеки, помазни, еластични и да изгледаат пополно. Богатата формула обезбедува доза на боја со едно нанесување со апликаторот.

lip

Love Me Liquid Lipcolor

lisa

Каде се достапни?

Love Me Liquid Lipcolor колекцијата единствено е достапна во MAC продажното место во Скопје Сити Мол.