True Match Nude серум и пудра во едно!
Во последниве години жените ширум светот почнаа да посветуваат се повеќе внимание на нега на кожата, а природен и здрав изглед им стана главна цел. Тешката шминка одамна е заменета со познатиот „no makeup“ изглед, кој бара употреба на лесни производи за шминкање. Со доаѓањето на овој тренд во светот на убавината, жените едноставно бараат повеќе од производите за шминкање – тие сакаат блескав тен со минимална количина на шминка. Во минатото беше незамисливо да се постигне совршен тен без голема количина на пудра, а притоа кожата да биде негувана и да се задржи природниот изглед.
Со цел да се одговори на новите барања на потрошувачите, експертите за шминка дизајнираа производи кои имаат повеќе намени. Еден таков производ доаѓа од L’Oreal Paris, а тоа е новиот True Match Nude обоен серум, со 1% чиста хијалуронска киселина. Серум и пудра во едно – дефинитивно производ кој ја подигнува шминката на повисоко ниво!
Негата како главна придобивка!
Хидратацијата е предуслов за здрава и сјајна кожа, а во тоа најдобро може да ни помогне добро познатата хијалуронска киселина, која е главна состојка на обоениот серум од L’Oreal. Благодарение на неговата способност да обезбеди хидратација на кожата, лицето ќе изгледа свежо во текот на целиот ден. Микро молекуларната хијалуронска киселина добиена со биотехнологија е избрана поради нејзината докажана способност да навлезе во епидермисот, како и поради нејзината супериорна способност да ја задржува влажноста.
Затоа, со користење на овој серум, на вашата кожа и обезбедувате вистинската доза на хидратација, неопходна за одржување на младешки изглед. Формулата на серумот е некомедогена и е погодна за чувствителна кожа, како и за сите други типови.
Негува и покрива во исто време!
Комбинацијата на висока концентрација на чиста хијалуронска киселина и течна пудра создава лесна и свилена формула за шминкање. Освен што ја негува кожата на лицето, True Match Nude серумот обезбедува одлична покривност. Благодарение на сјајните минерални пигменти кои за миг ги покриваат несовршеностите, ќе добиете изедначен тен и сјајна текстура.
Како се нанесува?
Експертите за шминка советуваат дека за нанесување на оваа пудра не ви е потребна четка. Доволно е да нанесете една или две капки серум на раката и со прстите да ја размачкате на лицето. Благодарение на лесната текстура, многу брзо ќе постигнете изедначен тен и ќе создадете идеална основа за нанесување на други производи за шминка.
View this post on Instagram
Одобрено од дерматолозите!
True Match Nude обоениот серум е првата течна пудра на L’Oreal Paris одобрена од дерматолозите. Тие ја испитаа формулата, состојките и резултатите од клиничките испитувања за да ги потврдат долгорочните резултати во областа на негата на кожата. Резултатите од козметичко-клиничката студија со стручна проценка и мерења пред и по шест неделна употреба, покажаа дека кожата е помазна. Жените почувствуваа многу брзо подобрување по само 21 ден и повеќето жени се согласија дека квалитетот на нивната кожа се подобрил во целина.
True Match Nude обоениот серум е иновација која несомнено носи импресивни резултати кога станува збор за подобрување на квалитетот и изгледот на кожата.