Во интерес на подобрување на рутините за убавина се појавуваат голем број на хибридни производи за шминка кои обезбедуваат нега. Најпопуларни нови производи во светот на убавината – кој се повеќе е насочен кон создавање на мултифункционални производи, се пудрите во облик на серум. Суштината на овој тренд за убавина може да се дефинира како исчекор кон здрава, младешка кожа што се постигнува со алтернативни производи за шминка. За разлика од обоените навлажнувачки креми од претходните години, пудрите во облик на серум одат чекор подалеку – обезбедуваат покривност, но и нега. Нивната зголемена популарност има смисла, бидејќи брендовите одговараат на стремежот на ентузијастите за убавина да користат производи со здрави состојки, но и поради растечката поврзаност помеѓу убавината и здравјето.

Што точно се пудрите во облик на серум?

Некои формули всушност се обоени мешавини на масла кои на кожата и обезбедуваат хранливи материи, односно липиди, антиоксиданти и витамини. Тие ја хидрираат кожата, а истовремено обезбедуваат лесна покривност. Други видови на формули се нанесуваат повеќе како типичен серум на база на вода. Тие често содржат додадени силикони за да функционираат како пудра за ефект на мазна завршница што не остава траги на кожата. Додадените активни состојки, како што се хијалуронската киселина, ниацинамидот, па дури и СПФ заштита ви овозможуваат да ги задоволите различните потреби на кожата во текот на денот. Еден ваков производ може да ја хидрира, заштити, да ја поправи состојбата на кожата и да обезбеди покривност.

Клучен производ за врвен „no make up make up“ изглед!

Пудрите во облик на серум инспирирани се од трендот „no make up make up“ изглед кој инсистира на тоа дека помалку е повеќе. Се фокусира на замаглување на несовршеностите, но сепак овозможува вашите пеги да бидат нежно видливи. Крајната цел е младешки изглед и природно убава кожа. Заради нивната транспарентност, дополнително можете да нанесете коректор за да ги прикриете акните, црвенилото или другите несовршености, како последен чекор во вашата рутина за шминкање. Серум пудрите се достапни во dewy и мат верзија, но секогаш можете да нанесете пудра во прав или компактна пудра ако сакате да се ослободите од прекумерниот сјај од себумот. Овие формули на база на масло особено ќе им се допаднат на сите со сув тип на кожа. Од друга страна, оние кои имаат акни или прилично мрсна кожа подобро е да ги избегнуваат. Во продолжение ви претставувам некои од најдобрите пудри во облик на серум!

- Реклама -

Diorskin Nude Air Serum

Diorskin Nude Air Serum

Bobbi Brown Intensive Skin Serum

Bobbi Brown Intensive Skin Serum SPF 40

Guerlain L’Essentiel Natural

Guerlain L’Essentiel Natural 16-Hour Wear SPF 20

Collistar Serum Foundation Perfect

Collistar Serum Foundation Perfect Nude SPF15

The Ordinary Serum Foundation

The Ordinary Serum Foundation SPF 15

Bourjois Healthy Mix Serum

Bourjois Healthy Mix Serum

Farmasi Make Up Luminous Serum

Farmasi Make Up Luminous Serum

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име