Пронајдете ги вашите Eucerin Sun заштитници на кожата!
Зголемените температури, убавото и сончево време се повеќе не „мамат“, деновиве времето да го поминуваме надвор на отворено. Прекрасните сончеви денови ја будат нашата желба се повеќе да бидеме надвор, на отворено! Сонцето секако е неопходно, добро за коските, за здравјето и треба да сме надвор, посебно што изминатиов период многу време поминавме дома.
Но, нашата кожа не е навикната на сонцето и силните сончеви зраци може многу лесно да ја оштетат и да дојде до непосакувани последици. Тука особено треба да внимаваат децата бидејќи нивната кожа е потенка, поосетлива и многу полесно може да се оштети.
Медицинска козметика Eucerin Sun
Зошто тогаш за нашите деца па и за сите нас, престојот на сонце и на отворено да не го направиме побезбеден, заштитувајќи се со медицинска козметика. Дерматолозите ги препорачуваат производите од Eucerin Sun колекцијата која не содржи хемиски додатоци, а обезбедува сигурна и долготрајна заштита од сонце. Содржат минерални филтри, кои ги рефлектираат, одбиваат УВ зраците не дозволувајќи им да навлезат во кожата.
Крема прилагодена на потребите на детската кожа Eucerin Sun Spray SPF50+
Нанесувањето на крема за заштита од сонце е клучно за сигурна и здрава кожа, а за детската кожа посебно е важно да се користи крема прилагодена на нејзините потреби. Со оглед на фактот дека УВ оштетувањата, црвенилата и изгорениците во детството го зголемуваат ризикот од рак на кожата и оштетувања на кожата покасно во животот, детската кожа мора да биде правилно заштитена. За оние деца кои се доста активни и почесто се на сонце поради тоа што си играат, се препорачува Eucerin Sun Spray со СПФ 50+.
View this post on Instagram
Треба да се заштитиме од прекумерната изложеност на сонце!
Сонцето го подобрува нашето расположение, ја подобрува циркулацијата, метаболизмот на нашето тело, продукцијата на витаминот Д, ги поттикнува и одбранбените механизми на нашата кожа, но истовремено мора да се заштитиме од него, посебно при прекумерна изложеност, а тоа посебно е важно за децата.