За ова лето, брендот Dolce & Gabbana подготви нови парфеми Light Blue Forever, ограничени изданија на оригиналниот женски мирис Light Blue Pour Femme од 2001 година и машкиот мирис Light Blue Pour Homme од 2007 година.
За неа, Light Blue Forever Pour Femme
Dolce & Gabbana Light Blue Forever Pour Femme опишан е како сончев и сензуален мирис кој буди спомени на долгите летни денови среде синилото на Средоземното Море. Композицијата создадена од парфимерот Olivier Cresp се отвара со свежи ноти на Granny Smith зеленото јаболко и калабриски лимон. Цветот од портокал го формира срцето на парфемот. Трага од кедар од Вирџинија и кашмир завиткани во бел мошус ја сочинуваат основата на мирисот.
Мирисот Light Blue Forever Pour Femme достапен е во шишенца од 25, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.
За него, Light Blue Forever Pour Homme
Light Blue Forever Pour Homme е создаден од парфимерката Shyamala Maisondieu. Нотите на ладно цедена кора од грејпфрут и италијанскиот бергамот носат цитрусни мириси од Капри. Композицијата се развива со заживувачки зелени ноти на лист од љубичица во комбинација со морска свежина на озонски акорд. Основата содржи дрвенести ноти и бел мошус.
Мирисот Light Blue Forever Pour Homme е достапен во шишенца од 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.