Женскиот La Femme Prada L’Eau свежина и сензуалност на нов начин, L’Homme Prada L’Eau нова машка интензивна свежина!
Модната куќа Prada го промовира новиот мирисен столб во нивната колекција на парфеми, започнувајќи од средината на 2016 година, со женскиот мирис La Femme Prada врз основа на тубероза и машкиот L’Homme Prada со фокус на ирисот. Во јули 2017 година, мирисната линија се прошири со La Femme Prada Intense и L’Homme Prada Intense.
Prada најави комплетирање на мирисната линија со нови освежителни мирисни ноти претставени во новите изданија La Femme Prada L’Eau и L’Homme Prada L’Eau.
La Femme Prada L’Eau, свежина и сензуалност на нов начин!
Женскиот La Femme Prada L’Eau претставува неконвенционален мирис кој ги открива новите пространства на свежината и сензуалноста на нов начин. Туберозата како главна состојка на оваа линија, ја прави линијата воздушеста и свежа, збогатена со зелени акорди на frangipani, ylang-ylang и цитрусна свежина на мандарина.
L’Homme Prada L’Eau, свеж и интензивен!
Машкиот L’Homme Prada L’Eau го открива идентитетот и ги истражува врските помеѓу свежите и интензивните ароми. Интензивните ноти на амбер и ирис се мешаат со свежиот црвен ѓумбир и нероли акордите. Свежите и зелени ноти ја пратат базата на сандаловина, кедар и пудрести акорди.
La Femme Prada L’Eau и L’Homme Prada L’Eau се достапни како 50 и 100 мл како Eau de Toilette.
Женското шише е украсено со кожа во светло розова боја, а машкото во светло сина боја.