Мејкап колекцијата Chanel Les Beiges со текот на годините навистина стана уникатна во светот на шминката. Ако сте пробале некој од производите на Les Beiges колекцијата, многу добро знаете дека многу успешно го нагласуваат и разубавуваат лицето на неверојатно природен и скоро незабележлив начин. Покрај природниот изглед, постои и фактот дека со Les Beiges производите кожата дише нормално, а самите производи се многу лесни и воздушести.
Скоро и да нема Les Beiges мејкап производ во кој љубителките од целиот свет се немаат заљубено, особено обожуваните камени пудри и бронзери.
Chanel Les Beiges Healthy Glow Foundation Hydration and Longwear
Chanel Beauty во мејкап колекцијата Les Beiges вклучи течна пудра која совршено го имитира ефектот на гола, но подобрена кожа со природна и сјајна завршница. Les Beiges Healthy Glow Foundation е лесна како ветре и веднаш по нанесувањето станува едно со кожата. Формулата е ослободена од вишок пигменти и има само доволно за лесно да го усоврши и изедначи тенот и за прикривање на помалите несовршености. Ако сакате посилно покривање, едноставно нанесете уште еден слој и лесно тапкајте со прстите.
Како што сугерира името, оваа течна пудра гарантира хидратација на кожата и долготрајност на лицето додека ја носите.
Голем избор на нијанси!
Chanel разви палета од 35 нијанси за подобрување на природниот тон на кожата кај жените. Секоја нијанса доаѓа во неколку подтонови за да одговара на вашиот посакуван тен. „B“ нијансите, на пример означуваат Beige (беж) за природен тен на кожата, додека „BD“ нијансите означуваат Beige Doré (златно-беж), за потоплите тонови на кожа за нежно загревање на тенот. Постојат и „BR“ нијанси, ознака за Beige Rosé (розова беж), кои овозможуваат свеж розов ефект.
View this post on Instagram