Почетокот и основната нега за сите типови на кожа без оглед на возраста е хидратацијата, а термалните води за лице и тело се посебно погодни за хидратација во текот на летото.
За време на летните месеци на кожата потребна е дополнителна нега и хидратација, а термалните води за лице и тело се идеален избор, затоа што го намалуваат непријатното чувството на затегнатост на кожата, ги смируваат иритациите, го штитат епидермисот од надворешни штетни влијанија и ја забрзуваат регенерацијата на клетките. Денес, термалните води ги наоѓаме во сè повеќе форми:
1# Добро познатите термални води во спреј кои ја штитат кожата, дури и најчувствителната од сушење,
2# Мирисни води за хидратација и заштита на кожата од предвремено стареење и од стресот предизвикан од надворешните влијанија,
3# Бјути еликсири за уморна кожа и кожа без сјај кои ја зајакнуваат кожата,
4# Спрејови за лице со хијалуронска киселина и глуко-глицерол што обезбедува моментална и долготрајна хидратација,
5# Спрејови со SPF фактор за заштита од UV зрачење и загадувања од атмосферата.
Термалните води за лице совршено ја фиксираат шминката!
Покрај фактот дека на термалните води за нега на лице и тело денес се додаваат и други состојки кои ја збогатуваат нивната ефикасност, дополнителна предност на термалните води за лице е тоа што тие совршено ја фиксираат шминката – се нанесуваат после кремот за хидратација или прајмерот, а пред пудрата.
Изберете која термална вода ќе ви биде омилена во вашиот козметички несесер ова лето!