Ако сте запознаени со брендот за нега на кожа – The Ordinary, сигурно знаете дека нивната филозофија во голема мера е антитеза на познатата изрека – „Колку пари, толку музика“. Се работи за ценовно прифатлив бренд со многубројни производи за нега на лице кои ги обожаваат многу ентузијасти за убавина ширум светот. Во нивната линија на производи постои третман за хемиски пилинг кој сите го посакуваат, па дури и дерматолозите. Исто така, нивниот серум со хијалуронска киселина е многу хидрантен и има освоено повеќе награди.
The Ordinary коректор во 36 нијанси!
Сега The Ordinary го применуваат истиот пристап за создавање на ценовно прифатливи мејкап производи. Брендот ќе лансира коректор со целосна покривност со цена од само 6 евра. The Ordinary коректорот ќе биде достапен дури во 36 нијанси настанати според нивниот обоен и досега единствен производ за шминкање – течна пудра. Броевите што ги означуваат нијансите на коректорот се спарени со буква која го означува подтонот на кожата. На пример, Y (Yellow) за жолта, P (Pink) за розова, R (Red) за црвена и така натаму. Така, целосно е поедноставено наоѓањето на нијанса која совршено одговара на вашата кожа.
The Ordinary коректор за природен мат изглед!
Формулата на коректорот е сместена во туба со големина на кармин. Кога ќе го отстраните капачето има апликатор кој ви овозможува да го нанесете производот директно на лицето пред да го блендирате со четка или сунѓер. Коректорот прилично е густ, па веројатно ќе ви биде полесно да го нанесете на кожата со помош на сунѓер. Но, затоа ќе ви бидат доволни само две точки од производот да го покријат црвенилото околу носот и Т-зоната, бидејќи овој производ нуди совршено покривање. Неговото својство за целосна покривност нема да резултира со cakey изглед како маска. Коректорот ќе ви даде природен изглед на кожата, само уште поубав. Меѓутоа, ако сакате малку повеќе сјај попрскајте го лицето со фиксатор во спреј по нанесувањето на коректорот.
Најважната карактеристика на овој коректор е тоа што ќе трае цел ден без да се вовлече во фините линии и други набори на кожата на лицето. Брендот тоа го припишува на посебната формула за која велат дека овозможува пигментите лесно да се распространат по кожата без да се вовлечат во фините линии.
Сè на сè, ако барате коректор за целосна, полу-мат покривност што трае цел ден не треба да барате повеќе. The Ordinary коректорите ќе бидат достапни за нешто помалку од шест евра на сајтот deciem.com од 19 јануари.