Ви го претставувам Tous!
Во светот на бизнисот брендот Tous е познат по дизајнирање на накит. Под водство на Rose Oriol и Salvador Tousa, патот до успехот на брендот започнал со иновативен концепт на накит кој се разликувал од традиционалниот накит со висок квалитет.
После успехот кој бил постигнат, компанијата почнала да го диверзифицира своето портфолио, нудејќи широк спектар на додатоци: чанти, парфеми, очила и останати асесоари. Накитот го диктира трендот за останатите линии на производи, а под строг надзор на уметничкиот директот, инспирацијата за накит се пренесува во други категории.
Така, секој Tous дизајн го одржува младешкиот дух на брендот, изразувајќи вредности по кои се води компанијата.
Во последните неколку години, Tous станува лајфстајл бренд со својот накит, чанти, мириси, часовници, очила и други асесоари. Брендот е присутен во повеќе од 40 земји со повеќе од 400 продажни места во градови како Њујорк, Мексико, Москва или Токио.
Во повеќе од 100 земји се продаваат Tous мирисите!
Кај нас, Tous е присутен со парфемите, а во светот на селективните парфимерии влегол со Tous Eau de Toilette во 2002 година. Секој Tous мирис има единствена позиција на пазарот која привлекува различни профили на купувачи.
Tous мирисите се продаваат во повеќе од 100 земји и познати се по пренесувањето на емоции низ единствениот дизајн кој ги плени различните купувачи.
Tous е еден од ретките брендови кој има парфеми наменети за деца и бебиња!
Tous Baby е свеж и лесен мирис, комбинација на бергамот, мандарина и нероли. После првите свежи цитрусни ноти се развиваат овошни, нота на круша, јаболка, портокали. Направен е особено за бебешката кожа, нежен и сладок и по малку сентиментален.
Шишенцето е дизајнирано едноставно и препознатливо, како симболот на Tous, мало меченце.