Max Factor создаде иновација за новите модерни генерации, сјајот Colour Elixir Honey Lacquer. Со три неодоливи ефекти: пигмент на кармин, висока сјајност и мекост како да носите балзам. Сето ова го нуди сјајот на Max Factor кој е создаден да го нанесете и веднаш да направите селфи. Достапен во осум нијанси, од природни бои па се до розови и црвени.
Производ кој е мост помеѓу кармин и сјај!
“Изгледот на лакирани усни може да биде незгоден и одзема многу време. Овој производ вклучува се: мазна текстура на усните со навлажнувачки мелем кој допринесува за рамномерна површина на усните со високо пигментирана боја. Сега на мене го имам новиот Colour Elixir Honey Lacquer и сум подготвена да го создадам посакуваниот изглед за само неколку минути. Овој производ е мост помеѓу кармин и сјај и е одличен кога сакате да креирате полни усни со боја со малку напор. Најчесто “лакираните усни” бараат постојано повторување на бојата, што со овој производ не е ист случајот. Colour Elixir Honey Lacquer е навистина вреден производ, мулти производ, а во исто време едноставен за употреба дури и кога сте во најголема гужва.” -креативната директорка на Max Factor – Pat McGrath
Комплетен производ за моите усни!
Colour Elixir Honey Lacquer e комплетен производ за моите усни, неодолива течна глазура со високо пигментирани бои . Се трудам во секоја чанта да имам по еден, без разлика дали сум на патување или ми е потребен сјајот за ноќно лудување.
Colour Elixir Honey Lacquer е совршен избор.