Француската модна куќа Zadig & Voltaire предводена од креативната директорка Cécilia Bönström лансира нов парфем, наречен This is Us!
Универзален мирис, неограничен по пол и возраст!
Новиот мирис ги следи изданијата This is Her! и This is Him! од 2016 година, кои беа најавени со слоганот „This is Zadig!“. Парфемот This is Us! е означен како универзален мирис, неограничен по пол и возраст. Тој претставува тотем што го обединува „племето“ на Zadig.
Сензуален и експлозивен мирисен акорд!
Создаден од парфимерката Mathilde Bijaoui, This is Us! е опишан како сензуален и експлозивен мирисен акорд во кој сјае сандаловото дрво, мирис замислен како миризлив еквивалент на џемпер од кашмир – парче облека од брендот Zadig & Voltaire. Сандаловото дрво – основната нота на дуото од 2016 година во новата композиција е пренесено во нотите од срцето. Присутни се и акорди на пачули и ванила, како и мошусни ноти.
Zadig & Voltaire This is Us! е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.