Voce Viva е нов парфем на италијанскиот моден бренд Valentino. Лансирањето е придружено со кампања чие лице е американската поп-ѕвезда Lady Gaga.
Lady Gaga заштитно лице на женскиот парфем Voce Viva!
Мирисите значат многу нешта за различни луѓе. Некои мириси будат емоции поврзани со нашето минато, други носат сентиментална вредност, без разлика дали е пренесена од саканата личност или претставува непријатен потсетник на поранешниот љубовник. За Lady Gaga, заштитното лице на новиот женски парфем Voce Viva на брендот Valentino, мирисот служи како продолжување на силата, моќта и самодовербата на еден од нејзините вродени подароци: гласот.
#MyVoiceMyStrength
Valentino ја започна кампањата за својот мирис Voce Viva насловена како #MyVoiceMyStrength. Позната по својот моќен вокал кој ги пренесува пораките на сцената, но и надвор од неа, Gaga објаснува дека Voce Viva, што во превод значи „гласот е жив“, ја слави индивидуалноста и самоизразувањето на секој глас кој има свој живот. Тоа е снагата на природата! Моќта на природата!
Паралела помеѓу вашиот глас и мирисот на вашиот парфем!
Valentino Voce Viva е создаден со цел да направи паралела помеѓу вашиот глас и мирисот на вашиот парфем, како и да ја отелотвори повеќеслојната женственост на Valentino жената. Како и гласот и парфемот е личен и треба да остави незаборавен белег.
Композиција од три слоја!
Мирисната композиција се состои од три слоја. Првиот слој или „нота на бојата“ вклучува цитрусни ароми. Вториот слој или „модна нота“ вклучува прекрасен букет на бели цвеќиња. Третиот слој или „ладна нота“ содржи неочекуван акорд на кристален мов завиткан во ванила. Мирисната креација е потпишана од парфимерките Honorine Blanc и Amandine Clerc-Marie.
Елегантно парфемско шише!
Шишето на новиот женски парфем Voce Viva е во квадратна форма, со иконски Valentino Rockstud детали и лого во црвена боја.
Мирисот Valentino Voce Viva е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.