На интернет има еден куп експерти и тоа сите го знаеме, но интернетот навистина е место каде што можете да најдете се! Понекогаш се случува дури интернетот да полуди по одреден бренд, а последен пат тоа се случи со модниот бренд Valentino!
Причината за обожавање на парфемите на Valentino е неодамнешното лансирање на женскиот мирис Voce Viva, чие заштитно лице е миленик на медиумите и публиката – Lady Gaga. Како што вообичаено се случува, помладите генерации ги диктираат правилата, особено на интернет, затоа ви пренесувам избор од омилените парфеми на брендот Valentino.
Valentino Dona Born in Roma
Италијанска елеганција, висока мода, поглед на животот, женственост – сето тоа го истакнува парфемот Valentino Dona Born in Roma, кој е модерен, но во исто време безвременски. Со него можете да го глорифицирате она што навистина сте. Прекрасното шише е украсено со нитни, карактеристични за брендот Valentino, а дизајнот е инспириран од римската архитектура.
Мирисот на почетокот ќе ве маѓепса со комбинација на опоен јасмин и вкусни ноти на црна рибизла и примеси на свеж бергамот. Моќта на слаткиот, длабок јасмин ќе продолжи да ве следи, но нема сам да ги збуни вашите сетила. Совршено ќе се надополни со топлата и слатка ванила во основата на парфемот, каде главни ѕвезди се дрвенестите ноти.
Valentino Donna Born in Roma Yellow Dream
Жолтата боја и градот Рим имаат многу заедничко. Доказ е парфемот Valentino Donna Born In Roma Yellow Dream, инспириран од оваа боја. Заедно со црвената, жолтата е една од двете бои карактеристични за италијанската метропола и претставуваат незаменлив дел од структурата на градот Рим. Покрај тоа, овие бои се неизбежни во светот на луксузната мода.
Воведот го носи мирисот кон свежи цитруси – калабриски бергамот и лимон. Сочноста на личи совршено го надополнува ова дуо и го оживува мирисот. Потоа, внимание привлекуваат нотите на божур и турска роза, кои ја манифестираат зелената свежина и свиленкаст карактер. Целата композиција се затвора со чист, сензуален и сладок мирис на бел мошус, проткаен со мирис на ванила со зачински ноти и живописен кедар.
Valentino Voce Viva
Мирисот Valentino Voce Viva не е создаден само за да ги маѓепса женските сетила. Создаден е да ги допре нивните срца и да ги поттикне да ги остварат своите соништа. Парфемот му оддава почит на гласот, тоа исклучително интимно женско чувство. Затоа, не е чудно што заштитно лице на Voce Viva стана пејачката Lady Gaga, икона на модерните генерации, која со брендот Valentino ги дели истите вредности.
Комбинацијата на свеж италијански бергамот и слатка сочна мандарина ќе ги воодушеви вашите сетила веќе во воведот на мирисот. Потоа, следат раскошни ноти на цвет од портокал и гарденија, кои го предизвикуваат луксузниот дизајнерски талент на Valentino. Ванилата која доминира во затворањето на мирисот, гарантира дека овој парфем ќе стане вашата нова зависност.