Кога станува збор за омилените холивудски убавици, постојат неколку производи на кои познатите личности секогаш им се враќаат. Но, се чини дека ниту еден производ за шминкање не стекнал толку голема популарност како Yves Saint Laurent Touche Eclat хајлајтер и коректор во пенкало. Сите, од Meghan Markle, Victoria Beckham до Zoë Kravitz, истакнуваат дека Touche Éclat е неопходен во нивната рутина за шминкање. Не е ни чудо што Kaia Gerber исто така се приклучи на тоа популарно мислење и ја изрази својата љубов кон производот. Таа, популарниот Touche Éclat го нарече нејзин омилен козметички производ на сите времиња.
Со Touche Éclat можете да го направите вашиот свеж изглед во еден потег!
Овој осветлувачки коректор е толку лесен штом се нанесе и дава чувство дека не сте се нашминкале, а разликата е многу видлива. Touche Éclat е одличен за оние денови кога можеби не сакате да се нашминкате, а со него ќе изгледате посвежо, без многу напор и изгубено време. Можете да го нанесете на било која проблематична област со едноставно кликнување на пенкалото, повлекувајќи ја четката за да нанесете од формулата на кожата.
Долготрајната формула, содржи состојки за нега на кожа кои обезбедуваат бројни придобивки за вашата кожа, како што се: хијалуронска киселина, антиоксиданси и екстракт од марокански невен, кои заедно делуваат веднаш да го просветлат и изедначат изгледот на кожата. Meghan Markle изјави дека овој коректор толку добро се вклопува со кожата, што после целодневен работен ден сепак ќе изгледате прекрасно со здрав сјај и свеж изглед.
Можете да изберете покривност според вашиот вкус!
Овој магичен осветлувачки коректор беше лансиран во 1992 година и оттогаш брендот создаде уште една негова верзија со повисока покривност за да можете да изберете според вашиот вкус. Способноста на Touche Éclat суптилно да ја обликува и потенцира структурата на лицето, да ги замагли несовршеностите и да создаде сјај што делува како да доаѓа одвнатре е толку импресивна што по едно пакување од овој коректор, ширум светот се продава на секои 10 секунди.
Каде се препорачува да се примени коректорот за најсвеж изглед без шминка?
Yves Saint Laurent Touche Eclat е како имагинарна четка која ќе ги истакне цртите на лицето и ќе му даде природен сјај без несаканиот прекумерен ефект на мрсна кожа. Создаден е за да ги замагли и природно да ги осветли темните области на лицето. Отсега натаму можете да го креирате својот свеж и одморен изглед со еден потег, седум дена во неделата.
Во продолжение погледнете ги упатствата на брендот за тоа каде се препорачува да се примени Touche Éclat за најсвежиот изглед без шминка:
Овде можете да го набавите Yves Saint Laurent Touche Éclat.