Eucerin Oil Control Tinted SPF 50+
Сончевите денови отсега ќе ги има се почесто, а тоа значи дека навреме треба да си обезбедите квалитетна заштита за вашата кожа. Но, дали знаете колку може да биде тешко да одберете производ кој ќе обезбеди вистинска заштита, да биде пријатен за кожата, да не предизвикува лепливи траги и остатоци и пред се да биде практичен за употреба.
Eucerin го има решението за вас!
Eucerin Sun Face Oil Control Tinted SPF 50+ нуди целосна заштита од сонце и делува пријатно на вашата кожа, правејќи ја мазна и нежна на допир. Поради уникатниот состав, таа обезбедува високо ниво на UV заштита која трае до 12 часа. Овој производ е наменет за мрсна кожа и кожа која е склона кон акни, а неговите својства гарантираат дека кожата на вашето лице нема да го има мрсниот сјај и кожата нема да се чувствува „заробено“ под слојот од крем.
Штетните UV зраци претставуваат најголема опасност за кожата на лицето во топлите сончеви денови. Лицето нема своја природна заштита и затоа на вас останува да го одберете вистинскиот производ кој нема да дозволи вашата кожа да биде оштетена од сончевите зраци секојпат кога ќе излезете на отворено. Eucerin создаде комбинација од фотостабилни UVA и UVB филтри, кои во истиот состав со состојката Еноксолон, не само што ја заштитуваат вашата кожа, туку и ја поттикнуваат нејзината природна регенерација.
Како се нанесува?
Обоениот крем Eucerin Sun Face Oil Control Tinted SPF 50+ ги дава најдобрите резултати ако се нанесува секојдневно, препорачливо наутро како дел од редовната нега за лицето. Таа може да се нанесе по употребата на стандардниот производ за нега на кожа или пак може целосно да го замени истиот. Оваа крема е достапна во две нијанси – Light и Medium, така што покрај заштитата обезбедува и пријатен, изедначен изглед, кој лесно ќе се приспособи на вашата кожа.
Идеален за мрсна кожа која лесно се иритира!
Дерматолошките испитувања покажаа дека Eucerin Sun Face Oil Control Tinted SPF 50+ има одлична ефикасност кај кожа која лесно се иритира и дека успешно го анулира мрсниот изглед. Кожата ја апсорбира кремата по само неколку секунди. Ова ја прави кремата на Eucerin идеална за топлите денови, кога високите температури обично го прават впивањето на кремата потешко.
8 причини ЗА!
#1 Многу висока заштита за лице од сонце!
#2 Контрола на прекумерен сјај на кожата до 12 часа!
#3 Веднаш ги покрива несовршеностите на кожата!
#4 2 нијанси, светла или средна за изедначен тон на кожа!
#5 Ултра лесна, немрсна, нелеплива текстура!
#6 Некомедогена!
#7 Брза апсорпција!
#8 Без парфем!
Повеќе можете да дознаете на официјалната Фејсбук страна на Eucerin.