Escada го претстави лимитираното мирисно издание наречено Flor del Sol. Претходните изданија од мирисната линија ги вклучуваат Sorbetto Rosso од 2018 година и Miami Blossom од 2019 година, како последни две изданија.
Нурнете во неверојатните сеќавања!
Escada Flor del Sol Limited Edition ги слави летните одмори, слободата и пријателството. Опишан е како женствен и заразен мирис што оживува спомени на летен одмор. Затворете ги очите, вдишете и нурнете во неверојатните сеќавања на егзотичен и забавен одмор во Мексико.
Мирисната композиција започнува со аромите на коктелот Tequila Sunrise, а се развива со бујните ноти на цветот на далија. Сандаловото дрво сместено е во базата на парфемот за допир на заводливо и сензуално латино лето – пренесуваат од брендот Escada.
Живописно шишенце!
Шишенцето на Escada Flor del Sol е обоено во градиент црвена боја. Забавни и игриви вибрации се изразени на живописното пакување на кое се прикажани цртежи на далија цветот, кактуси и срце во пламен.
Мирисот Escada Flor del Sol Limited Edition е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.