Дијамант на 007 женската колекција! 007 трилогија за жени! 007 For Women III

Следејќи го успехот кој го постигна мирисната колекција 007 For Women со првото и второто издание, 007 женската мирисна колекција го лансира новото издание 007 For Women III

007 For Women III Eau de Parfum е дијамантот на 007 женската колекција. Моќен и дизајниран со долготрајни состојки, 007 For Women III совршено ја комплетира 007 колекцијата за жени.

Мирис дизајниран со трајни состојки, кои се откриваат себеси со текот на времето!

Овој нов, интригантен и повеќеаспектен парфем, ја дополнува 007 трилогијата за жени, играјќи на истата флорално-ориентална територија како и во Women I и II, но истиот е дизајниран со трајни состојки, кои се откриваат себеси со текот на времето.

Мирисот се отвора со нежни, зачинети и блескави овошни ноти на папаја и ананас. Во срцевината, блескавите флорални ноти процветуваат во комбинација со ylang-ylang и плумерија (франгипани).

Во меѓувреме, топлата богата основа е составена од топли и сензуални килибарски ноти, како и ноти на сандалово дрво, бензоин и екстракт од пачули.

Шишенце како дијамант кој создава ефект на калеидоскоп!

Темно виолетовото шишенце на 007 For Women III всушност претставува дизајн на дијамант кој создава ефект на калеидоскоп и кој блеска како што ја рефлектира светлината.

Надворешното пакување е кутија обоена во темна нијанса на виолетова боја, украсена со култното 007 лого со пиштол.

Кампања со познатото заштитно лице – Caterina Murino!

Главниот визуал за кампањата е темен и помалку мрачен, а на него шишенцето во темно виолетовата боја и веќе познатото заштитно лице – Caterina Murino.

Силната женственост и безнапорната елегантност на мирисот, силниот карактер и сонот за бегство во друг свет, оживеани и отсликани преку сензуални фотографии направени од страна на William Bartlett и Daniel Kleinman, тимот кој стои зад некои од најпознатите и веднаш препознатливите 007 насловни продолженија во поновата историја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *