Како правилно да нанесете пудра во зависност од типот на вашата кожа!

Утринско брзање – ретки се оние среќници на кои така не им започнува денот. Поголем дел од утринското време го трошиме во рутините за убавина, а благодарение на брзањето многу често прескокнуваме некои основни компоненти. На пример, несвесно прескокнуваме нанесување на навлажнувачки крем или маскара, а да не зборувам за правилно нанесување на пудра – во утринското брзање ретко кој размислува за тоа. Дали треба да се користи мејкап сунѓер или четка, пудра во прав или течна пудра? Навистина многу прашања, но според експертите за убавина одговорите лежат во типот на кожата.

Дефинирање на типот на кожата како најважен чекор!

Сè треба да започне од тоа! Откако ќе го дефинирате типот на кожата, утринската рутина ќе биде многу поедноставна. Ако имате сува кожа треба да користите течни пудри, а навлажнувачкиот крем пред пудрата е задолжителен! При нанесување, не треба да користите сунѓер или четка, најдобро е да нанесувате течна пудра со прсти. После тоа на ред доаѓа сунѓерот кој на кожата ќе и даде неопходен сјај.

Од друга страна, за мрсна кожа одлични се пудрите во прав, но оние со мат финиш кои ќе го задржат сјајот под контрола, додека за нанесување добро е да се користи цврста и широка четка.

За комбиниран тип на кожа најдобро одговараат пудри со сатенски финиш, додека за оптимални резултати треба да се користи влажно сунѓерче.

Оние среќници што имаат избалансиран тен, практично можат да изберат било кој мејкап производ што ќе посакаат.

Не заборавете да ја протресете течната пудра пред употреба!

Покрај тоа, мејкап експертите откриваат уште еден трик, што всушност не е толку трик, колку што повеќето жени едноставно забораваат да го направат. Имено, како што е напишано на задниот дел од секое пакување на течна пудра, производот треба да се протресе пред употреба!

Многу жени го споделуваат своето искуство на социјалните мрежи, бидејќи приметиле дека има голема разлика во финалниот мејкап изглед, во зависност од тоа дали пред употреба го протресле шишенцето со течна пудра. Забележале дека во утринското брзање заборавиле да го протресат шишенцето и по некое време течната пудра добива портокалова нијанса на кожата.

Зошто е тоа така? Без задолжително протресување на течната пудра, пигментите се „смирени“ и се концентрирани на едно место. На тој начин влијаат на конечната нијанса на пудрата, бидејќи не се подеднакво распределени.

Шминкерот на Beyoncé не бил во „право“!

Дека погрешно ја нанесувал пудрата, неодамна „признал“ и Sir John, шминкерот на Beyoncé, кој открил дека цело време погрешно ја нанесувал подлогата. Чекал навлажнувачкиот крем да се исуши, но се покажало дека подобро е кога пудрата се нанесува веднаш после нанесувањето на кремот за финалната покривност да биде подобра, а лицето да го добие оној здрав сјај. Тој открил уште еден совет за сите – пудрата не треба да се нанесува на цело лице, туку само на деловите на лицето каде е потребно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *