Новиот коректор за кој се зборува доаѓа во импресивни 50 нијанси!

Откако во 2017 година го лансира својот мејкап бренд Fenty Beauty, Rihanna во светот на убавината стана вистинска влијателна личност со голема моќ во диктирањето на бјути трендовите, а голем дел од симпатиите на публиката ги заработи на сметка на инклузивноста на својата мејкап линија, со производи кои конечно покриваат широк спектар на различни тонови на кожата.

Љубителите на шминка ја пронајдоа својата совршена нијанса!

Мејкап линијата веднаш беше прифатена со одлична репутација бидејќи еден од првите производи беше основа за лице, односно Fenty Beauty течна пудра достапна на располагање во 40 нијанси што ги воодушеви сите љубители на шминка, не само од фактот дека ја пронајдоа својата совршена нијанса, но и со формула со одлична покривна моќ и пријатно чувство на кожата.

Импресивни 50 нијанси!

Во Новата година, Rihanna одлучи да ни презентира нови информации поврзани со својот мејкап бренд, а далеку најударна вест е лансирањето на својот прв коректор. Pro Filt’r Concealer веќе предизвикува огромна возбуда на социјалните мрежи, иако сеуште не е лансиран во продажната мрежа, а причината за големиот интерес е тоа што Rihanna го лансира во импресивни 50 нијанси. Поради тоа, бројот на нијанси во кои доаѓа Fenty Beauty течната пудра ќе се зголеми за 10, на вкупно 50, така што ќе може да се комбинира со коректорот.

 

Fenty Beauty Pro Filt’r Concealer

Мејкап брендот на Rihanna, Fenty Beauty на својот Instagram профил, коректорот го опишува како многу кремаст, постојан и долготраен, без вовлекување во фините линии и брчки и без создавање на ефект на маска на лицето. Ги прекрива мозолчињата, црвенилото, темните кругови, па дури и трагите од бурните ноќи и мамурлакот – како што открива Rihanna, па дури може да се користи како хајлајтер. Во продажба коректорот ќе биде достапен од 11 јануари, а за почеток ќе биде достапен на сајтот FentyBeauty.com и на други продажни места за убавина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *