Најдобрите хајлајтери препорачани од мејкап експертите!

Хајлајтерот е мал волшебник во секој козметички несесер и само за еден миг го „трансформира“ лицето, давајќи му го потребниот сјај. Поради хајлајтерот лицето изгледа помладо отколку што навистина е, но истовремено дава впечаток дека лицето блеска од здравје. Шминкерите на познатите личности неретко зборуваат за тоа дека илуминаторите или осветлувачите за лице се неизбежен мејкап производ кога станува збор за црвениот тепих, а за многу од нас е неопходен производ за секојдневна рутина за убавина, бидејќи на лицето му дава доза на потребно освежување. Хајлајтерите кои може да ги пронајдете во вашата најблиска парфимерија се одличен избор и доказ дека не мора да одвоите многу пари за да блеснете.

Одличен сојузник во летните денови!

За хајлајтерот на лицето да изгледа добро, не е потребно да одвоите вртоглава сума на пари, а доказ за тоа се хајлајтерите со прифатливи цени во вашата најблиска парфимерија за кои и мејкап експертите велат дека тие се одличен избор. Хајлајтерите се особено одличен сојузник во лето, кога многу шминка не е опција, а во преден план се нагласува природна убавина која дополнително е нагласена.

Без оглед на тоа за кој хајлајтер ќе се одлучите – течен, компактен или хајлајтер во стик сите овие производи ќе направат одлична „работа“ на вашето лице, само важно е да ја пронајдете идеалната нијанса. Хајлајтерите  се нанесуваат на крајот од шминкањето, но многу е важно добро да се изблендираат за лицето да изгледа изедначено со остатокот од шминката, да го избегнете ефектот на масно лице. Ако сеуште ја немате вашата нијанса, време е да ја пронајдете – и да блеснете! За вас издвоив неколку хајлајтери што може да ги пронајдете на полиците во вашата парфимерија за кои мејкап експертите тврдат дека се одличен избор.

L’Oréal Paris Glow Mon Amour Highlighter

L’Oréal Paris Glow Mon Amour Highlighter

Max Factor Miracle Contour Duo

Max Factor Miracle Contour Duo

Bourjois Sculpt Light Highlighter

Bourjois Sculpt Light Highlighter

Maybelline Master Chrome Highlighter

Maybelline Master Chrome Highlighter

Rimmel Kate Highlighting Palette

Rimmel Kate Highlighting Palette

Aura Sheer Stick Creamy Highlighter

Aura Sheer Stick Creamy Highlighter

Aura Sheer

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *