Течни пудри кои совршено ќе се соединат со кожата!

Успехот на секој мејкап изглед зависи од основата, што е првиот чекор во шминкањето. Основата вклучува производи како што се прајмер, течна пудра, коректор и камена пудра, но најважно од се е да изгледа беспрекорно. За основата зборуваме дека е како сликарско платно кое мора да биде совршено, за да може да нанесуваме бои кои ќе дојдат до израз во што е подобар можен начин.

Блендирање – клучот за добра подлога!

Клучот за добра подлога лежи во блендирањето, затоа ако основата не е добро изблендирана и соединета со кожата, нема да бидете задоволни со вашиот мејкап изглед. Основата наместо да ја чувствувате како втора кожа, таа ќе биде јасно видлива, оставајќи неприроден ефект како маска на лицето.

Блендирање со четка, сунѓер, прсти!

За добро блендирање-мешање ви се потребни алатки, вештина и време што ќе го потрошите за да постигнете совршен тен. Со време и пракса, целосно ќе го усовршите вашиот талент за блендирање и токму во тоа е убавината. Во вашиот дом ќе бидете свој сопствен мејкап артист.

За блендирање со кое ќе се соединат пудрата со кожата и ќе ви дадат измазнето чувство, клучни се четките, сунѓерите, а понекогаш и прстите, но секако многу е важна добрата основа, односно течната пудра која ја нанесувате. Таа треба да биде со добра конзистенција, во смисла лесно да се блендира односно спојува. Ако користите четка, најдобро е да се нанесуваат мали капки од течната пудра на сите делови од лицето што сакате да ги покриете: нос, брада, чело, секој образ… Со четка или сунѓер нежно тапкајте ја пудрата во кожата. Пожелно е да се избегнуваат груби движења или прекумерен притисок на лицето, бидејќи добро изблендиран мејкап со природен изглед се постигнува со нежни движења, наместо со размачкување на пудрата на лицето. Затоа прстите се само трета опција за блендирање.

За вас ви издвојувам неколку течни пудри кои ќе ви го олеснат процесот на шминкање, бидејќи лесно се блендираат на кожата.

Течни пудри кои добро се бленираат:

Lancôme Teint Idole Ultra Wear течна пудра

Lancôme Teint Idole Ultra 24h Long Wear Foundation – Comfortable & Longwear Spf 15

Yves Saint Laurent All Hours течна пудра

Yves Saint Laurent Encre de Peau All Hours Foundation

Clarins Extra-Firming течна пудра

Clarins Extra-Firming Foundation SPF 15

Clinique Beyond Perfecting течна пудра

Clinique Beyond Perfecting Foundation + Concealer

Max Factor Lasting Performance течна пудра

Max Factor Lasting Performance – Long Lasting Foundation

Bourjois 1,2,3 Perfect течна пудра

Bourjois 1,2,3 Perfect Foundation

Catrice HD Liquid Coverage течна пудра

Catrice HD Liquid Coverage Foundation

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *