Сакате да го вратите свежиот изглед на лицето и покрај непроспиените ноќи, Lancôme има решение за вас!

Advanced Génifique моќната линија за подмладување од Lancôme, дизајнирана да помогне во создавање на повеќе сјај на лицето за младешки изглед, во својата понуда вклучи два моќни производи. Познатиот париски бренд за убавина ја претстави Advanced Génifique Youth Activating маската за очи и обновениот Advanced Génifique крем за очи.

Значи, ако сакате да го вратите свежиот изглед на вашето лице и покрај непроспиените ноќи, Lancôme има решение за вас!

Advanced Génifique крем за очи!

Lancôme Advanced Génifique кремот за нега на очите е сосема нов крем за очи, специјално дизајниран да ги намали знаците на замор околу очите. Свежата крем-гел формула се инфилтрира со екстракти од пробиотици за постигнување на нежна кожа и понагласен младешки изглед. Составот и текстурата на кремот за очи е многу сличен на престижниот Advanced Génifique серум кој исто така ја зацврстува кожата и ја зајакнува нејзината одбрана од надворешниот стрес.

Овој моќен активатор на младоста ја хидрира кожата за да помогне во поправање на грубоста, намалување на темните кругови и осветлување на контурите околу очите. Во исто време, постепено се намалува видливоста на фините кожни линии за одморен изглед на очите.

Advanced Génifique маска за очи!

Другиот производ, Lancôme Advanced Génifique Youth Activating маската за очи, нуди ексклузивна фузија на серумска инфузија, која ја има во Génifique Light Pearl серумот за очи и кремот за очи. Серумот се нанесува преку пропустлив целулозен материјал, па затоа има мека, свежа текстура и обезбедува моментален осветлувачки резултат. Контурите околу очите се хидрирани и осветлени, па затоа изгледаат свежо, одморно и видливо помладо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *