- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Доста беше аматерско шминкање за Ноќта на вештерките! Со малку добра волја, напор и вистински мејкап производи, сами креирајте ремек-дело на кое сите ќе се восхитуваат! Ви претставувам четири феноменални идеи дизајнирани од познатиот американски мејкап артист и добитник на три Оскари – Ve Nil!

Секоја маска е инспирирана од различни ликови од познати филмови и приказни. Само следете ги овие едноставни чекори и ќе станете вистински: зомби „Alex“, зајаче „Bunni“, мачка „Kitty Kat“ или скелет „Topsy-Turvy“.

Alex – Од љубопитна слатка девојка до гаден зомби!

Чекор 1: Изблендирајте светло сина сенка преку целиот лев очен капак. Постепено надградете ја бојата, прво на линијата на трепките, а потоа изблендирајте нагоре се до почетокот на веѓата.

Чекор 2: Со прст нанесете пепеласта и металик сива сенка на десното око, така што бојата да делува размачкана. Продолжете со нанесување на истите нијанси и под око за да постигнете гламурозен неуреден изглед.

- Реклама -

Чекор 3: Нанесете база за светки во центарот на двата очни капаци, а потоа користете рамна четка за да додадете син глитер за максимално да ја истакнете бојата на очите.

Чекор 4: Со прецизен туш во црна боја, нацртајте тенки линии во должина на горните и долните трепки, а потоа на надворешниот агол на окото создадете остро крило.

Чекор 5: Нанесете интензивно бела боја на молив за очи во внатрешната линијата на левото око, а сето тоа зачините го со неколку слоеви на црна маскара.

Чекор 6: Користејќи го истиот терк како во чекор 2, додадете графички детали на десниот образ. Стајлингот за Ноќта на вештерките ќе биде готов веднаш штом ќе го обезбедите со мат спреј за фиксирање на шминка.

Bunni – Заводливо зајаче!

Чекор 1: Користете бело моливче за очи како прајмер за очните капаци, а потоа со четка ненесете бледо розова сенка и изблендирајте го пределот од преклопот на очните капаци до веѓите.

Чекор 2: Дефинирајте ја долната линија на трепките со истата сенка, но овој пат користете четка за размачкување и додадете малку светло сина сенка.

Чекор 3: Нанесете база за светки низ целиот очен капак сè до долната линија на веѓата, а потоа додадете глитер.

Чекор 4: Нацртајте линија со црн туш за очи на горниот очен капак и завртете ја во форма на крило, а потоа извлечете линијата по долните трепки и додадете неколку слоеви маскара за подигнување и волумен.

Чекор 5: Осветлете ги образите и врвот на носот со комбинација на светло корална и розова сенка.

Чекор 6: На крај, нацртајте мустаќи со бел и црн молив и обезбедете постојаност со спрејот за фиксирање.

Kitty Kat – Психоделична мачка!

Чекор 1: Нанесете светло жолта нијанса над целиот очен капак до веѓите, а потоа контурирајте го преклопот со блескава жолта боја, користејќи округла четка за блендирање. Црн молив за очи нанесете во близина на горната линија на трепките и размачкајте спрема надворешните агли на очите.

Чекор 2: Обликувајте ги очите со црн туш за очи и обавезно продолжете ја линијата кон внатрешните агли за да постигнете мачкест облик, а потоа додадете дебел слој на маскара.

Чекор 3: Нанесете корална нијанса на сенка на веѓите, а потоа исцртајте криви шари од периферијата кон центарот на лицето и пополнете ги со розова, корална и виолетова сенка. Сето ова можете да го направите со коса четка за шминкање. За да ја интензивирате бојата на шарите, пред сенката нанесете бел молив за очи, повторно како прајмер.

Чекор 4: Максимизирајте ги усните, контурирајте ги со црн молив или туш, а потоа користете бел молив за да ги создадете забите.

Чекор 5: Користете црна сенка за ги пополните усните, а потоа со четка пополнете го преостанатиот простор.

Topsy Turvy – Лудиот скелет!

Чекор 1: Со бело моливче хајлајтирајте го лицето, вклучувајќи ги јаболкниците, Т-зоната и „новите заби“. Користете го сунѓерот за блендирање за да додадете сенка на горенаведените елементи, а со истиот молив, појачајте ја дефиницијата со помош на четка за веѓи.

Чекор 2: Дефинирајте ги шуплините на лицето, вклучувајќи ги слепоочниците, образите и забите со црн молив за очи и со рамна четка за омекнување на рабовите каде што е потребно.

Чекор 3: Нагласете го обликот на скелетот со помош на сенка и четка за веѓи. Светли бои во центарот и преливање во потемни бои како одите спрема рабовите на лицето, за да создадете магичен омбре ефект на виножито.

Чекор 4: Со црн туш за очи додадете дефиниција на очите и забите како и сенка на контурите на скелетот, а со течен бел туш донесете живописен и 3Д ефект.

Чекор 5: Зачинете го сето тоа со неколку слоеви на интензивна маскара за волумен, подигнување и закривување на трепките и секако обезбедете ја маската со спреј за фиксирање на шминка.