Додека на помлада возраст мака мачевте со мозолчиња и црнки на лицето, а најчесто ја избиравте онаа течна пудра со најголема покривна моќ, пудрата за зрела кожа има за цел да дејствува како инстант лифтинг – да ја затегне кожата и ги измазни брчките.
Со текот на годините не се менуваме само ние, исто така промените најмногу ги осеќаме на нашата кожа, така што сосема е сигурно дека во текот на животот ќе промениме неколку видови на пудра, во зависност од тоа дали вашата кожа е мрсна, сува, осетлива, нормална… Освен според типот на кожата, пудрата за зрела кожа ја избираме според бојата на тенот, а најдобра нијанса е онаа која целосно ќе се стопи со лицето.
Формула која подмладува и не создава ефект на маска!
Повеќето жени на возраст по четириесет години имаат проблем со суво лице, создавање на брчки, недостаток на волумен, губење на еластичноста на кожата… Течната пудрата која е наменета за зрела кожа не треба да биде тешка и густа, биде ќе се вовлече во порите и брчките. Поради тоа сите неправилности ќе бидат уште повеќе видливи, а наместо природен изглед на вашето лице ќе го добиете непосакуваниот ефект на маска. Најдобри течни пудри се оние кои имаат лесна формула, кои брзо го изедначуваат тенот, создавајќи чувство на мазност и ги „бришат“ брчките, го враќаат младешкиот изглед на вашето лице.
Течна пудра за зрела кожа: Златни правила!
На зрелата кожа најпотребна е нега и добра хидратација, но исто така витамини и други активни состојки кои ќе ја стимулираат синтезата на создавање на колаген и ќе го забават формирањето на длабоки брчки. Најдобрата течна пудра за зрела кожа воедно ја негува и ги прикрива неправилностите, а во исто време на кожата и обезбедува здрав сјај. Ако текстурата на течната пудра е на база на силикон, лесно ќе го постигнете ефектот на лифтинг на лицето. Повеќето сериозни козметички брендови имаат линии со производни наменети само за зрела кожа, а ве советувам да се обидете со пудрите од познатите светски производители како што се: Vichy, Lancôme, Estée Lauder кои покажуваат одлични резултати. По нанесувањето на овие течни пудри површината на лицето ќе биде затегната, а што е најважно ќе изостане непријатното чувство на затегнатост. Кожата ќе биде свиленкаста и еластична, а брчките речиси невидливи!
Ако немате премногу време за шминкање, а потребно е само да го изедначите тенот на вашето лице, добро ќе ви послужи CC кремот. Тој ја намалува дисколорацијата, помага „сивата“ и уморна кожа за засјае и да се прикрие црвенилото, сончевите дамки… Може да се користи самостојно или како прајмер, пред нанесување на течната пудра.