Бои, енергија и многу простор за експериментирање во 2019 година, се зајакнува индивидуалноста и креативноста, а ги забораваме сите трендови во шминкањето што асоцираат на нешто вештачко.
Природниот изглед сега добива сосема нова димензија, а она што посебно ќе ве воодушеви е тоа што нема дополнителни трошоци!
Заборавете на нуд усни!
На неутралните нијанси дефинитивно им одѕвони. Оваа сезона, дури до продавница нема да одиме без кармин и тоа не било каков. Трендовите за 2019 година недвосмислено порачуваат дека модата се „враќа“, а кога станува збор за усните тоа значи враќање на кафеав кармин од деведесеттите години. Ако ова не ви буди добри спомени, имам охрабрувачки вести, нијансите сега се многу поубави и предизвикувачки и што е најважно усните нема да бидат исцртани со темно кафеав молив. Всушност, оваа сезона моливите за усни може да ги заборавите. За сензуален и неодолив изглед, тука се интензивно-црвените кармини, а може да се поиграте со бордо и виолетови нијанси. Само важно е без кармин да не излегувате од дома.
Bye, bye cat eye!
Класичниот црн туш за очи оставете го настрана, бидејќи неговото место сега го зазема нешто многу повеќе храбро и инспиративно. Бидете шик, издвоите се од масата и пробајте кобалт сини и темно зелени нијанси. И не само тоа! Cat eye нема да биде шема со која вашиот туш за очи ќе се “нанесува” оваа сезона. Време е за двојна храброст и затоа впечатливите нијанси на очните капаци ќе ги надополните со графички елементи. Не обрнувајте многу внимание на бојата на очите, играјте со нијансите, експериментирајте со „цртање“ и секако вежбајте, бидејќи вежбата води кон совршенство.
Контурите се OUT!
Пренагласеното контурирање на лицето го „убива“ природниот изглед и тоа е причината зошто некое време ќе кажете збогум на оваа техника. Наместо тоа, се става акцент на руменилото. Лицето ќе поприми свеж и природен изглед кон кој се стремите. Еднакво добра опција е бронзерот. Само неколку паметни потези со четката на точно дефинирани места ќе создаде вистинска магија!
Збогум на јапонското исцртување на веѓите!
Јапонското исцртување, но и сите други техники кои имаат за цел истакнување и потемнување на вашите веѓи, сега ќе бидат минатото! Во тренд ќе бидат веѓи кои што се минимално корегирани и обликувани да ја пратат физиономијата на лицето и да изгледаат природно. Ако е неопходно да се пополнат некои делови на веѓите, внимавајте бојата на моливот за веѓи да биде речиси идентична со бојата на влакненцата.
Наместо дискретни – нагласени трепки!
Заборавете на нежно и дискретно нанесената маскара, време е за нови модни трендови! Многу долги, многу црни, волумизирани и закривени – тоа е она што е потребно за оваа сезона. Сите знаат дека изгледот на очите може целосно да го промени изгледот на лицето и навистина ќе бидат забележани вашите предизвикувачки и продорни очи, а за тоа покрај квалитетна маскара во вашата рутина за убавина ќе мора да додадете и база за трепки. Комбинацијата на овие два производи ќе направи да изгледате попривлечно!
Без „зголемување“ на усните!
Соберете ги моливите за усни и привремено тргнете ги на страна, бидејќи „push“ ефектот на вашите усни нема да биде „In“! Оваа сезона ќе биде во знак на природни усни, а ова првенствено се однесува на обликот. Значи, кармин повторно ќе се нанесува само на усните, а не и на површината околу усните. Нема исцртување на „нови“ рабови – каква усни ви дала природата тие ќе изгледаат најдобро за вас!
Хајлајтерот повеќе не е во тренд!
Последниве години сме сведоци на максимално злоупотребување на хајлајтерот. Иако местата на кои овој производ се нанесува се јасно дефинирани, жените честопати го нанесуваат и каде треба и каде не треба. Како резултат на овие кршења на мејкап правилата, се добива крајно неприроден изглед, затоа не е чудно што оваа сезона носи нешто ново. Суптилно нагласени само оние делови од лицето на кое паѓа светлината и користење на минимално количество на хајлајтер за да се постигне ефектот на природен сјај. Сè друго ќе биде OUT.
Премногу шминка – не, не!
Трендовите во шминкањето се јасни, заборавете на многу пудра и негувајте го природниот изглед. За покривање на недостатоците користете коректор и BB крем, но ако имате проблематично лице, еден слој на пудра во комбинација со соодветен коректор – спремни сте! Претерана т.н. Instagram шминка ќе биде дозволена само на Instagram, а минималистичкиот изглед сега има зелено светло и за ноќните излегувања!
Неутралните сенки се демоде!
Мејкап трендовите бараат – на очните капаци ништо неутрално, само бои! Жолта, лаванда, сина, розова… Сè што отсликува убаво време и сонце. Издвоите се од толпата и покажете колку сте храбри. За ден бирајте мат пастелни сенки (под услов да не одите на работа), а во вечерните часови може да се поиграте со бои и светки – во дует!