Ако главната задача на секоја пудра е да ги прикрие недостатоците на лицето за да ве направи поубави, да ја заштити кожата од различни негативни влијанија и лицето да го подготви за шминка, се чини дека тоа е доволна причина следниот пат повнимателно да го изберете вашиот најсилен сојузник.
Многумина ќе речат дека при купувањето на пудрата најважно е да се погоди вистинската нијанса која одговара на вашиот тен, но за целосно да ја доживеете нејзината магија, бирајте пудри кои се јасно наменети за вашиот тип на кожа. Ако кожата на вашето лице е сува и чувствителна, наоѓањето соодветна пудра може да биде голем предизвик, особено во лето.
Критериуми за избор на “вистинската”!
За почеток, ако имате сува кожа, ве советувам да користите само течни пудри, оние кај кои јасно е назначено дека: хранат, обновуваат и хидрираат. Исто така, многу е важно формулата да не содржи алкохол, бидејќи дополнително ќе ја исуши кожата. За вашето лице да не добие мат изглед, не користете пудра во прав. Таа ќе го направи вашето лицето да изгледа без сјај, безживотно и многу постаро.
Целта на било која пудра е на кожата да ѝ обезбеди сјај и свежина, да се прикријат недостатоците и да ве подмлади, па затоа секогаш одлучете се за проверени брендови и не штедете пари, пудрата не ја купувате секој ден!
Запомнете, пудрата мора да биде прилагодлива, постојана и со оптимален степен на покривност. Во лето особено важно е нејзината текстура да е мека и свиленкаста, за сувата кожа да го добие потребниот сјај, а шминката долго да остане на своето место.
Правилно нанесување!
Пред да ја нанесете течната пудра, потребно е добро да ја нахраните кожата и да ја дадете потребната влажност. Затоа, лицето темелно исчистете го со мицеларна вода, нанесете навлажнувачки крем со заштитен фактор од сонце (SPF заштитен фактор е задолжителен, бидејќи сончевите зраци дополнително ја сушат кожа) и почекајте неколку минути лицето да го апсорбира кремот. Потоа нанесете лесна течна пудра, прво на Т-зона, а потоа со кружни движена со прстите и на другите делови од лицето. Во лето не се препорачува “тешка” шминка, но ако некоја специјална прилика тоа го бара, би било добро на лицето да нанесете ѝ хидрантен прајмер. Кога ќе завршите со шминката, можете да ја фиксирате со спреј кој ќе ѝ даде свежина на кожата.
Добар тајминг е клучот за успехот!
– За да се претставите во најдобро можно светло, процесот за разубавување може да започне ден порано и тоа со длабински, но нежен пилинг кој ќе ја елиминира ѝ најмалата можност вашата кожа да изгледа сува. Напротив, пилинг ќе го направи вашето лице мазно и меко, а тенот мазен и сјаен.
– Нанесете ноќен хидрантен крем пред спиење!
– Не заборавајте дека во лето вашето лице може да го “почестите” со вистинско бјути колаче во форма на BB крем, особено оној кој содржи природни состојки и овошни масла. Освен што прекрасно ќе ја изедначи кожата, BB кремот ќе даде магичен сјај и влажност, така што нема да ви биде потребно да нанесувате хајлајтер.
– Не игнорирајте ги усните, бидејќи тие особено се чувствителни во лето. За да бидат хидрирани, мазни и сензуални, дури и во најголемата топлина, користете течни кармини или сјај, најдобро балсам за усни, но не бегајте од пилинг. Вашите усни ќе бидат повеќе од благодарни!