Flowerbomb мирисната колекција од брендот Viktor & Rolf добива ново, неодоливо издание во црно шишенце со опојна цветна композиција. Flowerbomb Midnight на пазарот доаѓа на крајот од месец Февруари 2019 година, во концентрација како парфемска вода со 17,5% парфемски масла. Мистериозен и сензуален, наменет е за вечерни излегувања и замислен е како идеален мирис во комбинација со црна јакна погодна за ноќно излегување и забави.
Создадена е најтаинствена цветна сензација!
„Сè е можно на полноќ! Ослободете ја новата сензуалност со мирисот Flowerbomb Midnight. Блескавите црни рибизли и јасмин кој цвета во текот на ноќта опкружен со интимен мошус и калинки, додека сензуалниот божур и ванила ја создаваат најтаинствена цветни сензација.“ – Viktor & Rolf.
Црно шишенце со опојна цветна композиција!
Мирисната композиција на нов мирис Flowerbomb Midnight се отвора со слатка црна рибизла и сок од калинка, зад кои се развива арома на јасмин во комбинација со цвет од божур. Основата е мека, компонирана од бел мошус и сензуална ванила.
Парфемот Flowerbomb Midnight ќе биде достапен во црно шишенце, со иста издолжена форма како Flowerbomb Bloom мирисното издание, во 50 мл како Eau de Parfum Spray.