Замислите како би било да постои магично стапче и само со еден допир на лицето, веднаш да го добиете изгледот за кој отсекогаш сте сонувале, фотошопиран, но сепак сосема природен изглед на лицето без видливи пори и други неправилности, лице како од рекламите.
Магичното стапче не е реалност, но Maybelline fit me! Matte + poreless течната пудра сигурно е!
Магичните својства на овој прекрасен производ во жешките летни денови ќе го направат вашето секојдневно шминкање да биде како песна. Штом температурите ќе бидат во голем плус, вистинско време е да се отстранат од вашиот несесер сите оние тешки пудри и да бидат заменети со едена од шесте совршени бои од спектарот на Maybelline fit me! Matte + poreless течната пудра.
Кога ќе ја пробате еднаш, нема да посакате друга!
Нејзината текстура е лесна и многу практична за примена. Подгответе го лицето со нанесување на соодветна крема или прајмер, потоа со сунѓер нанесете и изблендирајте ја пудрата.
Изразито течна текстура која лесно се размачкува со пријатен мирис, совршено ги покрива порите, а подобрената крем формула совршено се стопува со кожата и беспрекорно го изедначува тенот. Течната пудра наменета е за нормална и мрсна кожа, дава свежина на лицето и го контролира несаканиот сјај.
Се разбира, најголемиот благодет на мат пудрата ќе ја почувствуваат токму оние дами кои имаат мрсна кожа, но поради мат ефектот кој во овој случај е умерен, ќе одговара и за нормална кожа.
Експерт за прикривање на проширени пори!
Ефектот на прикривање на порите секако е една од главните карактеристики на оваа течна пудра. Особено популарна кај жените кои имаат изразито нагласени пори, бидејќи на ова поле Maybelline fit me! Matte + poreless течната пудра е една од најдобрите! Веднаш штом ќе ја нанесите на лицето, ќе добиете инстант фотошоп или блур ефект, ќе изгледате свежо и младолико. Многу е важно дека и по неколку часа овој ефект нема да исчезне, но порите остануваат неприметни дури и кога лицето почнува да се масти.
Матирање како од сон!
Иако матирачка, Maybelline fit me! Matte + poreless на лицето не го дава оној безличен и неприроден изглед на кожата, на вашиот тен дава максимален свеж изглед, вешто прикривајќи ги несовршеностите. Сосема е незабележлива што и дава посебен шарм, а поради нејзината текстура не се собира во наборите и борите.
Таа трае, не свети, не исчезнува!
Трајноста е уште една голема предност на оваа пудра. Од моментот на нанесување до вечерните часови, бидете сигурни дека нема да исчезне. Трајноста се разбира зависи од типот на кожата, но и од претходната подготовка на лицето. Ако сте ја нанеле преку прајмерот и сте ја фиксирале со камена пудра, не мора да се плашите дека ќе почне да се размачкува.
Шест нијанси за секој тен!
Иновативната технологија придонесе за создавање на нијанси кои совршено се вклопуваат со бојата на секој тен. Ако мислите дека изборот помеѓу шесте нијанси можеби не е доволен, веднаш ќе ви кажам дека не сте во право! Тоа е повеќе од доволно!
Пред вас е едноставен избор помеѓу поладни и потопли подтонови (од розови преку жолти до неутрални), во зависност од тоа дали имате светол или темен тен.
Porcelan, Ivory, Classic Ivory, Buff Beige, Natural Beige и Natural Buff се имињата на нијансите и секоја има свој број.
На пример, Natural Buff нијансата со број 230 е средна нијанса, ниту премногу светла, ниту премногу темна. Нејзиниот подтон на праска ќе им одговараат на повеќето жени, давајќи им благо исончан изглед.
Нијансите 110, 120 и 220, имаат топол подтон кој влече на жолтеникава и затоа се идеални за дамите со темен тен. Од друга страна, нијансите 115, 130 и 230 имаат ладен подтон, совршено компатибилен со розовиот тен на кожата.