10 најчести грешки при домашен маникир!

Имате навика да правите маникир во удобноста на вашиот дом, но дали знаете кои се најчестите грешки при уредувањето на ноктите дома? За вас ги откривам најчестите десет грешки!

Дезинфекција!

Не бидете мрзливи! Направете дезинфекција на турпијата и ножиците за нокти и заноктици пред секоја употреба. Инфекција на заноктиците најчесто се јавува поради изоставување на дезинфекција на рацете и алатките за маникир.

Обликување-средување-скратување на ноктите!

Никогаш не ги турпијајте ноктите со ист притисок и повлекување на турпијата лево-десно. Ноктите скратете ги со ножици или ноктарица, а турпијата користете ја за го добиете саканиот облик на ноктите. Конструкцијата на ноктите најдобро може да се опише како ѕид од тули – па затоа ако ги турпијате ноктите со ист притисок лево-десно, може да ја „урнете“ таа цврста структура и вашите нокти ќе почнат да се листаат. Од друга страна, ако обликот на ноктите го формирате со помош на нежна турпија и притисок само во еден правец, структурата на ноктите останува недопрена. Резултатот е – силни, здрави и цврсти нокти!

Прегруба турпија!

За природни нокти, јачината на турпијата треба да биде најмалку со гранулација од 240 – се што е помалку се користи за професионална употреба во салоните кога се обработуваат ноктите со гел.

Турпијање на влажни нокти!

Ноктите на прстите се создадени од тврд протеин наречен кератин, кој во контакт со вода и сапун станува порозен – затоа влажните нокти се нежни, кревки и никако не се подготвени за третман со турпија.

Купка!

Колку што водата и сапунот ги оштетуваат ноктите при обликувањето, тие се од суштинско значење во обликувањето на кожичката и заноктиците. Никогаш не ја сечете и не ја третирајте сувата кожичка околу ноктите. Наводенете ги рацете со пенлива купка пред да ја третирате кожичката околу ноктите.

Сечење на кожичката околу ноктите!

Треба да се прави разлика помеѓу кожа и подкожа. Кожата се наоѓа околу ноктите и никогаш не се сечи. Таа служи како бариера помеѓу живиот и мртвиот  дел од ноктите и спречува продирање на бактерии во коренот на ноктите. Подкожата е мек и тенок слој на кожа кој расте по ноктите. Таа може да се потисне и ако е многу изразена може да се отстрани. Сепак, имајте на ум дека откако еднаш ќе ја третирате кожата и подкожата, тие растат се повеќе и стануваат како плевел. Нивната примарна задача е да ги заштитат ноктите и секој агресивен третман се смета за напад и тие се обидуваат да растат побрзо за да создадат бариера пред нов напад.

Масло за нега на заноктици!

Не е важно дали користите домашно маслиново масло или брендирано масло за нега на подрачјето околу ноктите! Маслото се користи за нега, навлажнување и омекнување на кожата и заноктиците и затоа е неизбежен ритуал за секој домашен маникир.

Ацетон!

Секогаш користете маслен отстранувач за обичен лак за нокти! Ацетонот непотребно ги суши ноктите и кожата околу ноктите.

База лак!

Чекор што најмногу го прескокнувате кога ги лакирате ноктите дома! Лакот база служи за пополнување на нерамнините и ги штити ноктите од жолтило предизвикано од пигментите на боја кај лаковите за нокти.

Размислете за здравјето!

Едуцирајте се и одберете лакови без толуна, формалин, формалдехид и фталат (toluna, formalin, formaldehid, ftalato).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *