Брендот Dior приреди вистинско бјути изненадување. За Rouge Dior карминот се вели дека е многу повеќе од обичен-класичен кармин, поточно се работи за производ кој ја комбинира снагата на бојата и креативноста, а новитетите од линија на кармини – Ultra Care отворија ново поглавје кога станува збор за производи за убавина со потпис на брендот Dior. Тие ја споија декоративната со препаративната козметика и потенцираа дека негата стана многу важен дел во целиот креативен процес. Ова го потврди и креативниот директор Peter Philips, кој изјави дека убавината на овие кармини кои истовремено ги негуваат усните, го потврдува фактот дека кога се чувствуваме добро – ние изгледаме добро!
Rouge Dior Ultra Care кармин!
Карминот Dior Ultra Care има долготраен, повеќечасовен ефект, а во карминот се користи масло од camelina со 100% природно потекло, кое е богато со есенцијални масни киселини кои длабоко ги негуваат усните. Додаден е дериват на екстракт од масло од јојоба, кој ја зајакнува бариерата на усните и помага во хидратацијата, бидејќи го спречува губењето на вода, така што усните се совршено хидрирани.
View this post on Instagram
Rouge Dior Ultra Care течен кармин!
Покрај класичниот кармин на колекцијата додадени се течни кармини – Rouge Dior Ultra Care Liquid Lipsticks кои имаат мек, мат финиш, а во срцето на овие кармини исто така се наоѓа маслото од camelina, кое е комбинирано со масло од бадем и shea путер. Се работи за воздушеста, кадифена формула која на усните делува како mouss, лесен е и создава прекрасен ефект на усните кога се нанесува со прецизниот апликатор, при што еднаква количина на кармин се нанесува на усните.
View this post on Instagram
Natalie Portman – заштитно лице на Rouge Dior Ultra Care!
Заштитното лице на новиот кармин на Dior е Natalie Portman, која преку рекламната кампања за новиот кармин ја откри нејзината поинтимна и сензуална страна.
View this post on Instagram