Narciso Rodriguez продолжува да ги истражува навидум неограничените можности што ги нуди заводливиот материјал како што е мошусот. Брендот подготви нов Narciso мирис – Narciso Eau de Parfum Ambrée.
Најживописна кампања!
Во досега најживописната кампања на Narciso Rodriguez, уметникот и фотограф Viviane Sassen, позната по нејзината сонувачка, полу-апстрактна естетика – ја забележува ретката убавина на моделот Laurijn Bijnen, заштитно лице на новиот Narciso мирис.
Нов микс со препознатливиот мошусен акорд!
Препознатливиот мошусен акорд на Narciso е поддржан од магичниот cashmeran, мек дрвено-мошусен материјал кој може да прикаже различни аспекти во зависност од концентрацијата на парфемската композиција.
Како интригантен контраст со топлата и сега се повеќе пудреста основа, тропските цвеќиња во високите ноти го красат Narciso Eau de Parfum Ambrée. Прекрасните frangipani, ylang-ylang и слатките бели цветови додадоа летна искра со нивната отмена елеганција.
Narciso Rodriguez повторно соработуваше со парфимерот Aurelien Guichardom за да ja пренесе инспирацијата од женските златни пеги на кожата осветлени од зраците и топлината на сонцето.
Во најновиот мирис, оригиналната нота на килибар од мирисот Narciso се меша со моќна потентна ванила давајќи допринос за апсолутно богатата текстура. Нивните топли аспекти ја обвиткуваат композицијата со златен превез, дозволувајќи му на килибарот да зрачи и да блесне, фаворизирајќи го карактеристичниот мошус на Narciso Rodriguez.
Нијансата на шишето како кожа погалена од сончеви зраци!
Прекрасната нијанса на шишето потсетува на кожа погалена од сончевите зраци и совршено одговара на сончевото расположение на мирисот.
Мирисот Narciso Eau de Parfum Ambrée е достапен во шишиња од 30, 50 и 90 мл, како Eau de Parfum.