- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Сопственичката на успешниот мејкап бренд Huda Beauty, светски познатата мејкап артистка, блогер за убавина и претприемач Huda Kattan која има над 45 милиони следбеници на Инстаграм, лансираше бренд за нега на кожа – Wishful.

Wishful – чувствувајте се пријатно во сопствената кожа!

Huda веќе некое време го најавуваше лансирањето на новиот бренд за нега на кожата, а повеќето фанови веруваа дека брендот ќе се вика Huda Skin, но името Wishful според изјавите на Huda е избрано со намера. Иако Huda е основач и заштитно лице, целта на брендот Wishful е да добиете индивидуална идеја за совршена кожа од соништата. Wishful ветува дека во својата кампања нема да користи фотошоп филтри и шминка.

Создавањето линија за нега на кожата за мене лично има длабоко значење поради проблемите со кожата кои ги имав во минатото. Како блогер за убавина, сум во постојана потрага како да ја подобрам својата кожа. Благодарение на Wishful, никогаш не сум се чувствувала толку пријатно во сопствената кожа“ – вели Huda Kattan

- Реклама -

Yo Glow Enzyme пилинг за лице!

Со вас го споделувам производот кој комплетно ја смени текстурата на мојата кожа и успешно ми помогна да се справам со лузните од акните, ми ги намали порите и ја направи мојата кожа мазна и мека“, напиша Huda на својот Инстаграм профил, претставувајќи го пилингот за лице Wishful Yo Glow Enzyme Scrub.

Пилингот за лице Yo Glow Enzyme Scrub е нежен, но моќен ексфолијатор збогатен со ензими од папаја кои ја измазнуваат кожата и даваат блескав сјај, додека ензимите од  ананас кои прават нежна ексфолијација ги намалуваат темните кругови и ја смируваат кожата. За ексфолијација на мртвите клетки од кожата задолжени се AHA и BHA киселините кои ја измазнуваат и даваат прекрасна свиленкаста текстура. Пилингот за лице Yo Glow Enzyme Scrub не само што е лесен за употреба, туку е и неверојатно ефикасен, бидејќи кога вашата кожа е мазна и сјајна шминката се нанесува подобро и трае подолго.

За кого е наменет и како се нанесува?

Yo Glow Enzyme пилингот за лице е наменет за сите типови на кожа. Млечната формула се нанесува навечер на целото лице после чистењето на шминката. Производот со прсти се нанесува на лицето со нежни кружни движења, а потоа се плакне со топла вода. Пилингот може да го употребувате два до три пати неделно.

Производите од брендот Wisful можете да ги набавите на официјалната страна на Huda Beauty или во најблиското Sephora продажно место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @wishfulskin on