Дали има нешто пораскошно од црвени светкави усни кога станува збор за шминка? За овој шик изглед со црвени усни, само уште ви треба перфектно нашминкан тен и евентуално црн туш на очите со многу маскара! Ако мислите дека овој мејкап изглед може да го изведат само професионални шминкери – грешите! Еве како сами можете да го создадете овој мејкап изглед на усните!
„Glittery Red Lips“ туторијал!
За светкави црвени усни ќе ви требаат следниве мејкап производи:
1# Пилинг за усни
2# Балсам за усни
3# Црвен молив за усни
4# Црвен кармин – по можност со мат текстура
5# Лепак за светки
6# Црвени светки
7# Течен коректор и четка
8# Хајлајтер
9# Спреј за фиксирање на шминка
Чекор 1: Прво, направете пилинг на усните со цел да ги отстраните мртвите клетки од усните и да создадете мазно „платно“ за нанесување шминка.
Чекор 2: Сега нанесете дебел слој балсам за усни за да ги хидрирате усните и да ги подгответе за шминкање. По 10 минути со хартиено марамче тапкајте на усните за да го соберете вишокот на производ за да немате мрсна подлога за шминкање.
Чекор 3: Пополнете ги усните со црвен молив и исцртајте ги рабовите на усните за прецизна контура.
Чекор 4: Нанесете црвен кармин – по можност со мат текстура. Карминот прецизно нанесете го во внатрешноста на исцртаните усни.
Чекор 5: Нанесете лепак за светки со помош на четка на целата површина на усните во тенок слој.
Чекор 6: Преку лепакот со рамна синтетичка четка нанесете ги црвените светки со тапкање, а не со развлекување.
Чекор 7: Исчистете ги рабовите од усните со помош на коса четка и малку течен коректор.
Чекор 8: Нанесете малку хајлајтер над усните за дополнително да го потенцирате нивниот волумен.
Чекор 9: Завршете го шминкањето со фиксатор во спреј кој ќе ја фиксира шминката на усните.