Дали сте подготвени да се разбудите? Dior повторно го лансира Miss Dior
Парфемот Miss Dior повторно e лансиран со шарени, свежи и сензуални кадифени цвеќиња. Култниот мирис на брендот Dior, низ годините доживеа многу изданија, а последната верзијата беше лансирана во 2017 година. Оваа година, најновото издание беше претставено како повторно раѓање на овој парфем полн со љубов и оптимизам.
View this post on Instagram
Оригиналниот Miss Dior беше лансиран во 1947 година како мирис што претставува надеж и среќа по мрачниот период на војната. Оттогаш мирисот повикува да се восхитуваме на љубовта и убавината на светот.
Обвива и освежува со изобилство на цвеќиња!
Мирисот нуди нов здив на љубов и оптимизам, кој се врти околу нотите на Centifolia розата, со медени и ноти од бибер кои владеат над исклучителното кадифено срце. Проткаен со свежи ноти на крин, божур акорд и пудрести ноти на ирис. Во основата има дрвенести, земјени и ароми на ванила.
Кадифена роза извезена со илјада свежи и шарени цветови!
Мирисната креација е потпишана од парфимерот на Dior, François Demachy. Тој посочи дека розата во оваа верзија е малку повеќе зачинета и дека во неа додал овошни ароми на кајсија и праска.
„Сите наши сетила се разбудени од сензуалноста на цветниот букет на новиот Miss Dior Eau de Parfum. Тој ги слави кадифените и сензуални рози – зајакнати со свеж крин и остар божур – завиткани во пудрест ирис“ – François Demachy, парфимер на Dior.
Актерката Natalie Portman амбасадор на парфемската линија!
Miss Dior претставува ода за љубовта што ја возвишува Natalie Portman и совршено ја отелотворува.
Мирис облечен со панделка за шарм и вистински моден крик!
Новото издание е украсено со прекрасна панделка изработена од ткаенина со уникатен асортиман на цветови. Тоа е креација со исклучителна панделка создадена во таинствените ателјеа на еден од најголемите производители во Франција, затоа од Dior велат дека новиот Miss Dior содржи неколку сантиметри апсолутен луксуз.
View this post on Instagram
Шише со висока мода!
Потврдено, Miss Dior е мирис на високата мода во шише со висока мода. Под шишето на мирисот врежан е амблемот на Dior за да го откриете новото издание на безвременската класика.
Мирисот е достапен во 30, 50 и 100 мл како Eau de Parfum.