Маскарата е еден од оние производи во нашите рутини за шминкање во која навистина не треба многу да вложуваме за да го постигнеме посакуваниот резултат. Некои од најдобрите маскари што сите ги имаме пробано и продолжуваме да ги купуваме, се маскарите што се достапни во секоја парфимерија, со цени кои се пристапни. Овие маскари многу успешно по цел ден ќе ги одржуваат вашите трепки. Тие нема да ги исушат трепките, нема да изгледаат како пајажина или да се ронат на образите. Секако, ниту една маскара не е совршена, секоја од нив има свои предности и недостатоци. Сè што треба да направите е да одредите што сакате да постигнете со следната маскара, пред да одлучите која ќе биде вашата нова омилена.
Маскари кои се достапни во секоја парфимерија, кои сигурно нема да ве разочараат!
Ако имате кратки или виткани трепки, побарајте маскари кои имаат силиконска четка. Тие на најдобар можен начин ги издолжуваат трепките и ги фаќаат и најкратките влакна без да остават дамки на очните капаци. Во спротивно, нанесувањето маскара би можело да стане кошмар, особено ако веќе сте ставиле сенки за очи, туш или молив за очи.
Четките со многу влакна се одлични за постигнување на поголем волумен на трепките. Затоа, доколку сте задоволни со нивната должина, но сакате вашите трепки да изгледаат пополно, овој тип на четка е најдобрата опција за вас.
Во продолжение можете да ги погледнете некои од најдобрите маскари со пристапни цени кои се истакнале по своите способности ширум светот.