Веќе подолго време една антицелулитна крема не ја запалила толку бјути сцената, како што тоа му појде од рака на брендот Sol de Janeiro со Brazilian Bum Bum Cream поради вниманието што го предизвика со ветувањето дека нозете и задникот ќе ги доведе во топ форма.
Чудотворно делување врз нозете и задникот за враќање во врвна форма!
Brazilian Bum Bum Cream своите следбеници ги шармираше со името и веселото летно пакување. Но и со чудотворното делување врз нозете и задникот за враќање во врвна форма, помагајќи да се испеглаат сите оние нерамнини на кожата познати како целулит.
Запознајте го Sol de Janeiro
Sol de Janeiro е американски бренд кој одлучи да ги донесе бразилските тајни за убавина. Познато е дека некои од најубавите жени во светот потекнуваат од Бразил, а токму таму се посветува големо внимание на негата и обликувањето на телото. Кога зборуваме за идеал за убавина, во оваа јужноамериканска земја дефинитивно тоа е бразилскиот задник.
Брендот инспириран од бразилските убавици Alessandra Ambrosio, Adriana Lima и Gisele Bundchen, во својот асортиман има неколку производи за нега и обликување на телото. Секој од нив може да се опише како луксузен и неодоливо миризлив, а нивната моќ и ефикасност ја даваат најдобрите состојки од амазонските шуми. Но, од сите споменати целиот свет е луд по само еден производ – Brazilian Bum Bum Cream.
Коктел од моќни состојки!
За ефективноста на кремот заслужен е коктел од моќни состојки, предводени од чудотворната гуарана. Гуараната е една од најмоќните форми на кофеин во светот кој ја стимулира циркулацијата и ја задржува кожата што е можно најмазна. На гуараната во оваа формула приклучени се уште некои други „тајни“ јужноамерикански состојки. Cupuaçu путер – исклучително навлажнувачка состојка, Acai бобинки – го чистат и подмладуваат организмот и кокосово масло. Комбинирани, овие состојки даваат boost на задникот, ја одржуваат кожата на ова подрачје мазна и тонирана и ја намалува појавата на целулит.
Не треба да заборавите на вашиот целулит!
Лесната, свиленкаста текстура на кремот може да се користи и на други делови од телото и брзо се апсорбира, без никакво чувство на тежина. Сите пофалби за мирисот на кремот кој е сладок и со арома на орев.
Не треба да заборавите на вашиот целулит, може да започнете да се борите со него уште денес.